„Лакост“ го замени крокодилчето со загрозени животни

15.11.19 01:26

Француската модна компанија „Лакост“ се вклучи во кампањата за спас на загрозените видови животни на организацијата IUCN’s SOS (Save Our Species).

„Лакост“ направи специјална едиција на своите познати поло маици и логото со препознатливото зелено крокодилче го замени со десет загрозени животински видови. Меѓу нив се: калифорнискиот кондор, тигарот од Суматра, игуаната од Анегада, бурманската желка, северниот лемур, калифорнискaта фока, јаванскиот носорог, гибонот „кабо-вит“ и папагалот какапо.

„За загрозените видови на овој свет, крокодилот го напушта своето место“, велат од „Лакост“, компанија која не го променила своето лого цели 85 години.

Глобално признатото лого било дизајнирано во чест на основачот на марката Рене Лакост, кој бил наречен „Крокодил“ заради начинот на кој се справил со своите противници на тенискиот терен.

Исто така, бројот на примероци од оваа лимитирана колекција се совпаѓа со бројот на преостанатите животни на кои им се заканува целосно изумирање. Па така на пример, има само 350 маици со лого на тигарот од Суматра, бидејќи уште толку животни преостанале во природата.

Профитот од продажбата на маиците целосно ќе оди за заштита на десетте загрозени животински видови.

Извор: moon-child.net

 

Слични содржини

Фотографија / Екологија / Уметност / Око
Фотографија / Екологија / Око
Уметност / Око
Уметност / Око
Фотографија / Око

ОкоБоли главаВицФото