Изложба на Зоран Кардула во галеријата „Анагор“

15.11.2019 02:10
Изложба на Зоран Кардула во галеријата „Анагор“

Вечерва (петок, 15 ноември), во 19, 30 часот ќе биде отворена изложба на дела од Зоран Кардула во новиот изложбен простор на галеријата Анагор, која постои 45 години.

Ликовниот уметник и графички дизајнер Зоран Кардула изложува серија дела со супер херои, каде комбинира ретро и модерно во комбинација на советски пропагандни постери и херои од стрипови.

Истовремено со изложбата во „Анагор“, Кардула и во Рим, Италија, претставува свои редизајни на југословенски постери и споменици од НОБ.

Отворањето на изложбата во Рим се одржа на 8 ноември.

Зоран Кардула учествувал на голем број конкурси, меѓу кои  за дизајн на накит за „Swarovski“ и „INYO“. Победник е на постер-натпреварот на Латино- филмскиот фестивал. Во ноември 2017 година има изложба на постери на тема „Soviet Neo-Constructivist Propaganda“ во САД. Во јануари 2018 година во Рим ја претставува „Изложба без жири“, поставка на 40 негови дела редизајни на симболите кои ја одбележаа социјалистичката ера на Југословија.

„Идејата за редизајн на југословенските симболи, логоа и дизајни, доаѓа од добрите дизајнери кои постојат од времето во кое расте. Желбата е во овие чудни времиња со кои се справува Балканот да ги потсети луѓето на некои мали нешта за кои ги врзуваат убави спомени“ се вели во најавата за изложбата.

Во 2017 година ја издава книгата „Гуш и Бац”, која е создадена од зборовите на неговата аутистична ќерка Ерато. Книгата содржи измислени 47 зборови на Ерато, преведени на 19 јазици, како и 47 илустрации на нејзините зборови создадени од 33 креативци.

 

Слични содржини

Фотографија / Култура / Уметност / Настан / Око

ОкоБоли главаВицФото