Голема посетеност на изложбата на Зоран Кардула

16.11.2019 15:57
Голема посетеност на изложбата на Зоран Кардула

Галеријата Анагор, беше претесна за сите посетители на вчерашното отворање на изложбата „Comics Superheroes“ на Зоран Кардула, во реобновената галерија „Анагор“ во Скопје. 

Ликовниот уметник и графички дизајнер Зоран Кардула ја изложува серијата постери каде комбинира ретро и модерно во комбинација на советски пропагандни постери и хероите од стриповите.

„Идејата за редизајн на југословенските симболи, логоа и дизајни, доаѓа од добрите дизајнери кои постојат од времето во кое расте. Желбата е во овие чудни времиња со кои се справува Балканот да ги потсети луѓето на некои мали нешта за кои ги врзуваат убави спомени“ се вели во најавата за изложбата, која ќе биде отворена до следниот петок. 

Фотографии: Ванчо Џамбаски

ОкоБоли главаВицФото