Импровизирани часови

18.11.2019 10:11

Ми требаше одлучност да го напуштам
хорот на античката претстава и да излезам
од преполниот амфитеатар на секојдневјето.

Доволно ми е да станам и спореден лик
иако знам дека ова нема да биде мој глас,
туку пијан секрет од умот на предодреден демиург.

Моите подвизи се шраф во конструирана вечност.

Ми требаше само обичен молк
за да сфатам дека сум пулс што одекнува врз топла перница
или дека ’рѓосувам додека вратоломно вежбам постоење.

На крајот од мене ќе остане повторлив удар,
едноличен и здодевен, како клатно, мрмор, типкање.

Да ме познае некој, сосем случајно и тивко,
не смее да го мери времето со живот,
но само да го притисне увото за најбезличниот предмет.

И ќе ме чуе.


Давор Стојановски (Скопје, 1987) е романсиер, поет, преведувач и музичар. Магистрира на Филолошкиот факултет во Скопје. Неговите дела се застапени во домашни и во странски антологии и списанија. Романи: „Ненасловена месечева соната“ (Или-или, 2013), „Собирачи на пепел“ (Или-или, 2016) и „Утеха за голите“ (Или-или, 2018). Добитник на наградата Роман на годината на „Утрински весник“ за 2016. „Импровизирани часови“ е неговата прва збирка поезија, деновиве излезена.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото