Големината на интернет

10.11.2010 11:48
Големината на интернет

Интернетот претставува јавно достапен систем на меѓусебно поврзани компјутерски мрежи од целиот свет кои пренесуваат податоци. Интернетот се наметна како можеби најкористениот медиум во светот денес. Колкава е неговата големина?

Денес во светот интернет секојдневно користат 1,9 милијарди луѓе. 42% од нив живеат во Азија.

На интернет има над 5 милиони терабајти информации. Колку за споредба, човечкиот мозок може да складира 1-10 терабајти.

Во светот денес постојат околу 193 милиони регистрирани домени, од кои 46% се регистрирани како .com.

Фејсбук денес има над 500 милиони корисници. Во просек, секој корисник има по 130 пријатели.

Ако Фејсбук беше држава, ќе беше трета во светот по бројноста на населението, веднаш зад Кина (1,3 милијарди жители) и Индија (1,18 милијарди).

Над 2 милијарди видеа се гледани секојдневно на ЈуТјуб. Секоја минута на оваа страница се закачуваат околу 24 часа видео материјали.

На Твитер постојат околу 106 милиони кориснички сметки. Овие корисници секој ден праќаат по 55 милиони твитови. Тоа се 640 твитови секоја секунда.

300 000 луѓе создаваат корисничка сметка на Твитер секој ден.

ОкоБоли главаВицФото