Музеј на вагината

19.11.2019 03:35
Музеј на вагината

Во близина на пазарот во Камден, во северозападен Лондон, поставен е огромен тампон, заедно со неколку големи менструални чашки. Илустрациите на женските гениталии се исцртани по ѕидовите, а долна облека може да се види во стаклените витрини.

Станува збор за првиот музеј на вагината посветен на женската анатомија, кој се отвора викендов во Лондон.
Музејот е отворен благодарение на собраните средства на повеќе од 1000 луѓе кои заедно донирале речиси 50 илјади фунти. Директорката Флоренс Шектер вели дека нејзината мотивација како да се уреди просторот била едноставна. „Открив дека на Исланд постои музеј на пенисот, но дека никаде не постои музеј на вагината, па одлучив да го направам“. А за личните мотиви вели: „Сакам вагини. Јас сум бисексуална жена“.

Првата изложба во музејот ќе биде отворена до крајот на февруари и е насловена „Muff Busters“ и се работи за митови за вагината и како да се борите против нив. Изложбата се занимава со заблудите кои се однесуваат на женската анатомија, вклучувајќи ја чистотата, изгледот, сексот, контрацепцијата и менстурацијата.

„Нешто помалку од 50 отсто од светската популација има вагина, повеќето од нас на свет доѓле преку неа, сепак вагините и другите делови на женската анатомија сè уште се табу“, се вели во плакатот за изложбата.

Исто така, во текстот за изложбата се цитира едно истражување на „YouGov“ од март, годинава, кое открива дека повеќе од половината на анкетираните во Велика Британија не можеле да ја опишат функцијата на деловите од вагината (52%), 47 отсто не знаеле што се вагинални усни, а 58 отсто не знаеле да ја опишат функцијата на матката.

Сара Крид, кураторка на изложбата вели дека резултатите од анкетата многу ја зачудиле. „Навистина се изненадив...половината од анкетираните луѓе не знаела каде се наоѓа вагината. Мислев дека тоа е нешто што сите го знаат. Ме вџаши и статистиката дека секоја петта возрасна жена мисли дека треба да го отстрани тампонот за да уринира.

Таа ги објаснува различните елементи што ја сочинуваат изложбата и се задржува кај еден оддел каде се истражува митот за тоа дека влакната на вагината не се хигиенски. Под ова тврдење се наоѓа изјавата: „Всушност, похигиенски е да се имаат влакна“.

Крид вели дека и нејзината долна облека исто така е дел од поставката.

Покрај изложбата – што е достапна и на интернет, ќе се одржат настани и претстави во просториите, вклучувајќи театарски претстави, бинго, разговори и клуб на книги каде што ќе се дискутира феминистичката литература.

Ќе има и флаери и информации за здравјето на вагината, како и програма за поддршка на здрав секс и вклучување на медицински професионалци за да се обезбедат подобри услуги за заедниците на трансексуалците и интерсексуалците.

Музејот, исто така, има продавница во која може да се најде сè.

По завршувањето на оваа изложба, музејот ќе се фокусира на историјата на менструацијата, но и на актуелни и политички теми.

Извор: The Guardian

 

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото