Кампања за поддршка на палестинскиот фоторепортер кој го изгуби окото од гумен куршум

20.11.2019 02:15
Кампања за поддршка на палестинскиот фоторепортер кој го изгуби окото од гумен куршум

Палестинскиот фоторепортер Муат Амарнех бил погоден со гумен куршум во око кога минатата недела го следел протестот на десетици Палестинци во близина на местот Суриф на Западниот брег. Тој носел заштитен шлем и елек на кој пишувало „Press“, но тоа не го спасило од гумените куршуми на изреалските војници. Амарнех бил пренесен во болница во Ерусалим и остана без едно око.

Случајот предизвика меѓународно внимание особено кај новинарите, кои во знак на солидарност со повредениот колега на социјалните мрежи споделуваат свои слики со завој преку окото.

Онлајн кампањата ги користи хаштазите „MuathEye” (Окото на Муат), „EyeofTruth” (Окото на вистината) и „MuathAmarneh”. Освен сликите со превез на окото, во кампањата се споделуваат видеото и фотографиите на повредениот фоторепортер како крвари од левото око.

„Одеднаш почуствував како нешто ме удира во око, помислив дека мора да е гумен куршум или камен. Ја ставив раката на окото и и не најдов ништо... Не гледав, моето око беше сосема уништено“, изјавил Муат.

Познати палестински новинари и активисти споделија свои фотографии со едно покриено око во знак на поддршка на Амарнех, а ги охрабруваат и другите да го сторат истото за да се подигне свесноста за насилството на Израелците врз слободата на медиумите особено додека известуваат за анти окупациските демонстрации.

Една од постарите активисти на Палестинската ослободителна организација, Ханан Ашрави, напиша: „Продолжуваме да сведочиме. Во знак на солидарност и наклоност“.

Се придружија и странски новинари, како Дек Мур, заменик уредник за надворешна политика на „National“, кој на Твитер напиша: „Очите на вистината никош нема да бида ослепени. Денес, десетици палестински новинари протиестираа поради пукањето врз Муат Амарнех, кој го изгуби окото“.

Демонстрантите во Газа и на Западниот брег, на протестите што се одржуваат во изминативе денови носат транспаренти на кој пишува „Очите на вистината никогаш нема да ослепат“.

Слободата на медиумите е сериозно загрозена во окупираните територии, според индексот на Светската организација за слобода на медиумите (World Press Freedom), во 2018 година, Палестина паднала од 134-то на 180- то место.

Извор: middleeastmonitor.com

 

ОкоБоли главаВицФото