Изложба на фински дизајн во Јавна соба

20.11.2019 13:31
Изложба на фински дизајн во Јавна соба

Вечерва (20 ноември), во Јавна соба ќе биде отворена изложбата насловена „Иновативен фински дизајн”. На отворањето ќе се обрати амбасадорот на Финска, Кимо Лахдевирта.

Оваа изложба се состои од панели на кои е прикажан креативен пристап во решавањето на сложени технолошки проблеми; од дизајн на информациски и комуникациски технологии, бродоградба, дизајн во здравството, па сѐ до иновации во индустријата за мебел.

Автор на изложбата е Јарно Пелтонен, поранешен директор на Музејот за дизајн во Хелсинки.

Изложбата „Иновативен фински дизајн” на која може да се погледнат овие проекти, а и да се научат некои интересни факти за Финска, ќе биде отворена за посетители до 1. декември, односно до завршувањето на Skopje Design Week.

 

ОкоБоли главаВицФото