Почина актерката Таска Балабанова

20.11.2019 18:57
Почина актерката актерка Таска Балабанова

На 85-годишна возраст во Скопје, почина познатата телевизиска и филмска актерка Таска Балабанова.

По потекло е од Велес и со нејзиниот препознатлив глас израснаа многу генерации слушајќи го Македонско радио.

Својата кариера таа ја започнува во Младинско-куклен театар, кој подоцна во 1965 е формиран Драмски театар. Нејзината кариера ја продолжи во Радио Скопје каде што работеше до пензионирањето и го позајмуваше својот глас во бројни радио драми.

Таа беше дел и од Македонски народни приказни, а беше и една од личностите кои ги снимаа првите реклами во 1950-те години.

Таска во филмовите и тв-сериите секогаш глумеше дами и отмени жени каква и таа самата беше: „Средба“, „Едно лето“, „Илинден“, „Мугра“, „Време на летала“, „Трето доба“ и многу други.

 

ОкоБоли главаВицФото