Како да се организира јавната библиотека

10.11.2010 11:07
Како да се организира јавната библиотека

1. Каталозите мораат да бидат максимално поделени: посебно да се поведе сметка, во најголема мера, да се одвои насловниот каталог на книгите од каталогот на списанијата, предметниот од авторскиот каталог, книгите од постар датум од оние со понов датум. Пожелно е да биде различна и ортографијата во двата каталога (на свежо набавените книги и на оние што биле претходно набавени); на пример, во новиот retorica би се пишувала со едно, а во тие постарите со две t; Чајковски во првиот случај со Ч, а во вториот како Французите, со Tch.

2. Во формирањето на каталозите одлучува библитекарот. Книгата, во амблемот, не треба да содржи податоци за авторот, издавачот и сл.

3. Сигнатурите мораат да бидат сосема нечитки и треба да ги има што повеќе, така што оној кој последен го пополнива картонот нема каде да го стави својот параф; нека мисли дека тоа не важно, за оној кој го услужува да може да му го врати за да повторно го пополни.

4. Времето помеѓу барањето и доставата на книгата нека биде што подолго.

5. Да не се издава повеќе од една книга.

6. Издадените книги не можат да се внесуваат во салата за консултација, односно, сопствениот живот треба да се подели на два основни аспекти: едниот што подразбира читање, а другиот консултација. Библиотеката треба да го обесхрабрува вкрстеното читање на повеќе книги бидејќи тоа предизвикува страбизам.

7. Да се погрижи библиотеката да биде без ниту една машина за фотокопирање; ако сепак постои една, треба да биде тешко достапна, услугата поскапа отколку во книжарница, а бројот на примероци ограничен на два или најмногу три.

8. Библиотекарот треба да го доживува читателот како непријател, денгуба (во спротивно би бил на работа), потенцијален крадец.

9. Службата за консултации мора да биде недостапна.

10. Да се обесхраби секој обид за земање на книгите.

11. Размената (позајмувањето) книги меѓу библиотеките треба целосно да се оневозможи; во секој случај, една таква операција треба да трае со месеци. Најдобро е сосем да се оневозможи запознавањето со книжниот фонд од другите библиотеки.

12. Според тоа, кражбите мораат да бидат значително олеснување.

13. Работното време на библиотеките целосно да се поклопува со работното време на вработените, кое претходно треба да се договори со синдикатите: без исклучок библиотеките да се затвораат во сабота, недела, во вечерните часови и во времето на паузата за ручек. Најголемиот непријател на библиотеките е вредниот студент; најголемиот пријател е дон Феранте, некој кој нема причина да ја посетува јавната библиотека бидејќи има своја, која ќе ја остави на потомците во наследство.

14. Треба да се исклучи секоја можност за освежување во рамките на библиотеката, но и во нејзина близина. На оној кој ќе му текне да го направи тоа, ќе мора да ги депонира сите претходно набавени книги. Кога ќе го испие кафето, повторно нека ги бара.

15. Не треба да се дозволи депониранта книга да се пронајде уште следниот ден.

16. Информацијата за тоа кој ја држи бараната книга мора да остане тајна.

17. Ако е возможно без јавни нужници.

18. Ќе биде идеално на корисникот воопшто да не му се дозволи влез во библиотеката; ако сепак влезе, тврдоглаво и антипатично да се инсистира на правото кое му го даваат одредбите од осумдесет и деветатта, а кои уште не се блиски на колективниот сензбилитет, не смее да му се дозволи ниту сега ниту во иднина, да се приближи на светилиштето – полицата со книги.

Строго доверливо. Сите вработени мораат да имаат телесни оштетувања бидејќи задачата на јавната установа е да им понуди работа на хендикепираните граѓани (токму сега се разгледува можноста таа обврска да се прошири и на пожарникарите). Идеалниот библиотекар, пред сè, треба да куца за процесот на земање на картонот со списокот на книгите, симнувањето во подрум и враќањето да трае што е можно подолго. На вработените, чија работа е да стигнат до полиците повисоки од осум метри со помош на скали, од безбедносни причини им се препорачува раката која им недостасува да ја заменат со протеза со кука. Персоналот без двата горни екстремитети ќе ја доставува книгата држејќи ја во заби (денталниот распоред не дозволува достава на повеќе од осум томови одеднаш).

Ooooo, otkaceno! Mene barem

Ooooo, otkaceno! Mene barem sto pati mi se slucilo ova vo Univerzitetska biblioteka Skopje. Bravo, be, Eko! Aferim!

Добар текст,

Добар текст, навистина.
Решение за проблемите - скенирање книги и нивно ставање на нет. Опс, па тоа веќе се случува. Друг опс, така скенираните и достапни книги, откако ќе ги данлодира, веќе никој не ги цени и чита, оти не вложил никаков напор да дојде до нив. Па иди најди му го крајот.
 

Што е текстот забавен,

Што е текстот забавен, забавен е, но што е во некои случаи неприменлив - неприменлив е! На пример, Градската Библиотека во Гостивар е едно прекрасно место каде имаш пристап до се, до книгите, до вниманието на вработените, до времето на вработените, до информациите кои ти се потребни... Вклучени се дури и во Дигиталната база на библиотеки во земјава, па доколку таму го нема саканото четиво, ти кажуваат каде истото може да се најде :P  Имам фобија од Универзитетска поради тој стерилизиран простор кој го создава меѓу читателот и четивото, па затоа само еднаш стапнав меѓу нејзините камени ѕидини. А, и тогаш се покајав... И да, Јасна е во право, колку повеќе се измачиш за да стигнеш до некоја книга, толку подраго ќе ти биде читањето кога конечно ќе ја добиеш... Но, Градската Библиотека „Браќа Миладиновци“ од ден на ден е се подобра и подобра.

Ми се чини дека иднината на

Ми се чини дека иднината на библиотеките ќе биде заменета со онаа на скенираниот текст и pdf книгите. Ќе дојде момент во којшто ќе стане неисплатливо да се оди во библиотека (трошоци за превоз, изнајмување, членство), а да не спомнуваме само кој мазохизам е да бараш некоја ретка книга... Вистинското задоволство треба да се бара во самата содржина, фактот дали ќе биде печатена или електронска ќе изгуби секаква релевантност.

верувам, или барем сакам да

верувам, или барем сакам да верувам во тоа дека вредноста на делото на хартија нема да се изгуби.. pdf sucks.

ОкоБоли главаВицФото