Продавам муда за бубрези по цена здраво за готово

21.11.2019 19:03
Продавам муда за бубрези по цена здраво за готово

 

- Добар ден, господине вајар. Што имате да изјавите во врска со недостигот на материјали за вајање?
- Немам што да извајам.

 

- Зошто ти е волку гласно радиото?
- Пошо му попуштам.

 

- Како се средува вакуум?
- Цакуум пакуум.

 

- Зошто не си идете на шопинг у главниот град?
- Скупје.

 

- Беше да ги видиш гарнитурите што се на Г?
- Да, ама не ги најдов.
- Нормално дека не си ги нашол.

 

- Кај е Делчево?
- Кое делче?

 


На Етно-журка сум, сега ќе ја мешаме лавата.

 

Графичката картица ѝ рекла на резолуцијата: „Види се каква си слаба, сите пиксели ти се познаваат!“

 


Ја прашав шнајдерката дали ѝ е јасно што треба да прави, рече ќе се шнајде.

 

Мило ми е што не морам да ги собирам испраните облеки, машината веќе ми ги собрала.

 

Пушти ја машината за перење, нека влезе во дневна.

 

Продавам муда за бубрези по цена здраво за готово.

Фотографии: Yung Cheng Lin

ОкоБоли главаВицФото