Секој мал град е психијатриски оддел

22.11.2019 00:34
Секој мал град е психијатриски оддел

Социјалната психијатрија е гранка на психијатријата која се занимава со културолошките, еколошките и социолошките фактори кои ги предизвикуваат, преципитираат, засилуваат, продолжуваат или на друг начин ги комплицираат неприлагодените модели на однесување и нивното лекување.

За почеток, мошне стручно и јасно дефинирано.

Сите знаеме дека малите градови имаат своја политика, основи на макро и микро економијата и слични срања. Освен „главна госпоѓа“ во државата, имаме илјадници каубои и локални шерифи кои понекогаш заслужено, но повеќето незаслужено се претставници на жупаниите, градовите, општините па дури и градските квартови.

Претежно „мачо“ мажи кои се вистински Хрватишта и огорчени средовечни жени со три прста, пет мачки и два пропаднати бракови. Секоја чест на исклучоците. На младите луѓе кои сакаат да постигнат нешто. Но, братче, тие луѓе се како пушки, понекогаш се полоши од локалниот клошар со шизофренија и од кукла направена од чорапи и црн маркер. Да се разбереме, чесните академици не знаат што значи да се пие пиво пред продавница и што е мајсторска логика, која според личниот суд е петпати појасна отколку авангардните срања кои ги читавме во средно училиште.

Политичарите се како мали деца во детска градинка.

Се извинувам, мислев во психијатриски оддел. Тоа е затворен круг на луѓе во кој ретко може да влезе некој што не познава никого. Се извинувам за оваа тотално очигледна констатација која веќе ја знае секоја крава во шталата а и избеганите кози на Велебит. Фасцинантно е кога гледам како едни исти луѓе секогаш доаѓаат на високо пласирани места, ги менуваат работните места како што се менуваа сликички кои беа популарни во основно училиште, па секој имаше албум, собираше сликички и се трампаше.

Секој мал град го има токму тоа.

Свој албум со сликички, односно луѓе со кои се трампа наоколу, па ги преместува и подредува за да изгледаат поубаво. Но, во суштина тоа и натаму се истите сликички, со ист облик и вредност. Со текот на времето после толку преместувања почнуваат да го губат своето лепило и бојата. Од толку преместувања престануваат да бидат залепени на албумот, па самите паѓаат. Уште ако паднат на под и ако ги згазнеме, не ги фрламе во корпа за отпадоци туку ги враќаме назад замачкани. Затворените психијатриски оддели имаат приближно околу шеесетина кревети, секако, секој кревет има сопствени ланци и решетки на прозорите и „стручен персонал“, ако воопшто може да му се верува на тоа по неодамнешната афера со еден доктор и неговите играчи маскирани како медицински сестри.

Ја забележувате разликата?

Искрено, морам да признаам дека не ја забележувам. Како што рече еднаш еден психијатар и тоа засекогаш остана запишано: „Нема здрави, има само непрегледани!“. Себеси се сметам за ужасно сјебана личност која не знае што сака во животот па се влече на сите страни. Но, ајде, добро, можеби претерувам, сепак имам само 22 години. Освен што се тешам со сопствените години за кои луѓето сѐ уште ми зборуваат дека сум мало девојче или неизебана крава која не знае ништо за животот, се тешам со тоа што има стопати полоши од мене, а тоа се успешни луѓе во животот.

Годините не ја дефинираат сериозноста на личноста или нејзината перцепција на нештата.

Да се вратиме малку на психијатрискиот оддел. Точно одреден број места. Точно означени правила и точно означени места за слободно движење. Имам чувство како така да функционира секој помал град. Веројатно и поголемите, но сега серам по малите. Како да не сме навикнати да се сере по нас. Имам чувство дека во градот треба да живеат точно одреден број лудаци. Кога еден ќе замине ќе дојде нов за да го замени.

Никој не им замерува. Знаеме дека се луди и таквите секогаш се добредојдени.

Сите ги знаат локалните лудаци, за нив некогаш ќе се пишуваат песни, ако ништо друго тогаш секогаш ќе се споменуваат во некоја биографија.

Лично, ми недостасува Џо, вараждинскиот дилер со книги по кафулињата и вечниот гребатор со добро срце кој не собираше цигари за себеси туку за своите пријатели. Човек со изразено добро срце и тешка судбина. Ми недостасува и Лонц. Локален пијаница кој наводно бил поранешен боксер. Исклучително добар џин кој ги сакаше сите од неговиот град. На сите им беше пријател и „моден пример“.

Ми недостасува соседката која беше примерен граѓанин и која живееше според некои „социјално прифатливи норми“. Не ми недостасуваат луѓе за пример во животот. Собирам лудаци. Колку полудо толку подобро. Иако се расправавме секој ден, па потоа се смирувавме. Динамичноста на лудаците е непроценлива. Непроценливо е да се чувствува некаков контролиран хаос и енергијата на ненормалното.

Единственото што ќе го кажам на крајот: против лудаците не можеш со логика, а особено не со колективното лудило. На сите нека ни е со среќа на психијатрија.

Слики: Dylan Anderson

Извор: https://revolucija-iz-kreveta.com

ОкоБоли главаВицФото