Талент за чкртање

23.11.19 12:14

Деветгодишниот Џон Вејл бил казнуван во училиштето заради постојано чкртање, но тоа за неговите родители не било причина да му ја забранат оваа занимација. Напротив, го запишале во школа за цртање, каде неговиот талент брзо бил забележан, па ресторанот „Number 4“ во Шрусбери, Велика Британија го ангажирал да ги декорира ѕидовите со неговите цртежи. Џо ги исцртал ѕидовите за 12 часа.
Неговите цртежи покажуваат многу талент, фантазија, но се и многу детални.

Сега, Џо е познат како „The Doodle Boy“, има свој веб сајт, страница за обожаватели на социјалните мрежи и илјадници луѓе ги следат овие негови страници.

Извор: bored panda

 

ОкоБоли главаВицФото