Данска има амбасадор во Силиконската долина: Да, таа е многу важна

23.11.2019 13:12
Данска има амбасадор во Силиконската долина: Да, таа е многу важна

Каспер Клинге е професионален дипломат од Данска, работел во немои од најтурбулентните места во светот. 18 месеци поминал работејќи на реконструкцијата во Авганистан, две години се занимавал со кризен менаџмент на Косово.

Сепак, Клинге (46) вели дека најтешката работа е токму онаа со која моментално се занимава, како прв странски амбасадор во технолошката индустрија.

Во 2017 година, Санска станала првата држава која огфицијално формирала дипломатски оддел кој ќе ги застапува нејзините интереси пред компаниите како Гугл и Фејсбук.

Што има најголемо влијание врз општеството? Некоја држава на југот на Европа, или на југоистокот на Азија или во Јужна Америка, или пак најголемите технолошки платформи? Нашите вредности, нашите институции, демократијата и човековите права се наоѓаат пред значаен предизвик како последица на големата експанзија на новите технологии. Овие компании, од компании со комерцијални интереси се претворија во де факто странски политички актери“, вели Клинге.

Данските официјални претставници особено се загрижени заради начинот на кој технолошките промени влијаат врз западните демократии: ширењето на лажните вести и дискутабилната политичка содржина на социјалните мрежи, прашањата за приватноста и собирањето лични податоци, кибер безбедноста и ниските даноци што компаниите ги плаќаат надвор од САД.

Работата на Клинге е дел од напорите „да се обезбеди демократските влади да ги одредат границите на технолошката индустрија, наместо да се случува обратното“, наведува Јепе Кофод, данскиот министер за надвореши работи.

Ендру Купер, професор по политички науки на Универзитетот во Ватерло, кој се занимава со проучување на дипломатијата, смета дека кај помалите држави веќе подолго време постои потребата да се пронајдат иновативни начини за привлекување на вниманието на помоќните држави.

На пример, на Малдивите биле одржани состаноци под вода за да се подигне свеста за климатските промени, додека Шведска отворила амбасада во виртуелниот свет, односно во видео играта „ Second Life”. Според Купер, она што изненадува во сето ова е широчината на работите во која Данска ја применува зададената стратегија. „Данска мора да игра поинаква игра“, додава тој.

Каспер Клинге, амбасадор на Данска во Силиконската долина

По две години поминати на оваа функција, Клинге нема заблуди дека проблемите на Данска се особено важни за припадниците на Силиконската долина. Данска брои 5,8 жители, значи има помалку жители од Сан Франциско, а во оваа скандинавска држава живеат помалку од 0.3 отсто од корисниците на Фејсбук, гледано на глобално ниво.

Данскиот амбасадор никогаш не се сретнал со Марк Закерберг или Тимоти Кук од „Епл“. Но, некои технолошки компании соопштиле дека сè подобро разбираат што му е работата на Клинге.

Питер Минстер, портпаролот на Фејсбук вели: „Ни беа потребни неколку состаноци за да конечно ги сфатиме намерите на Клинге и што подразбира неговата улога. Сега водиме добар и конструктивен дијалог со данскиот амбасадор за технологија, кој искрено зборува и за критиките и за позитивните аспекти“.

Данска се најде на мета на критиките затоа што корпорациите ги ставила на исто рамниште со суверените влади на националните држави, но и други држави почнуваат да подготвуваат дипломатски ресурси за технолошката индустрија. Франција именуваше амбасадор за дигитални работи, а Австралија, Британија и Германија, исто така, имаат сектори за технолошки прашања.

Клинге предводи тим од единаесет вработени, седуммина се во Калиформија, тројца во Данска и еден во Кина. Неговата канцеларија се наоѓа во Пало Алто во Калифорнија, во близина на седиштата на бројни технолошки компании.

Наместо да го поминува времето во фрустрирачки обиди да се сретне со главните претставници на компаниите, Клинге соработува со вработените од понизок ранг, поранешни работници, луѓе од помалите конкурентски компании, невладини организации, како и со претставниците на власта.

Неговиот тим ја известува владата за случувањата во компаниите, но и за кибер безбедноста, интензивираната употреба на личните податоци и развојот на автономините возила. Потоа, овие податоци се презентираат пред законодавните тела во Данска.

Клинге вели дека половина година поминал посетувајќи ги технолошките центри во Кина, Индија и во европските држави.

Оценува дека постигнал извесен успех. Кога минатата година, терорист убил дански државјанин на пат кон Мароко, Клинге разговарал со претставници на Фејсбук и Гугл од платформите да се отстрани снимката на свирепиот напад.

„Дипломатијата се промени. Веќе не сме во деведесеттите години; веќе не живееме во свет во кој сè се врти околу билатералните односи со другите држави“, објаснува Прија Гуха, поранешна конзулка на Британија во Сан Франциско. „Својот поглед кон дипломатијата, државите мора да го прилагодат кон овие нови состојби“.

Извор: The New York Times

 

ОкоБоли главаВицФото