Auld lang syne

23.11.2019 17:48

Возните ленти се лузна на далечни средби
и од гнилите неба ми врне во боја на шафран.
Луѓето што ги сакав се бесполезен украс,
меѓу нас понекогаш изникнува дебела шофершајбна.
Им ја отпетлувам кожата и в раце ми останува ламета.
Очите им исчезнуваат како броеви
запишани на дланка со фломастер.
Сите повици на жичениот телефон пак ми ѕвонат,
но тоа е сега страшно предупредување на сонот.
Сакам да верувам дека постои кабел што е музеј на гласовите.
Возам кон предели што не постојат веќе.
Сочинувам кадар од четири прсти
во обид да отсликам фотографија на совршена отсутност.
Разбиеното стакло на минатото не остава исекотини.
Придушува трката со назадни мисли.
Излеана страст, стопени можности и матирани зеници.
И некаде, само, зборчиња талкаат во потрага по рецептор.
Дремеж на заводлив самрак и облаци во боја на шафран.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото