1011 hPa
88 %
14 °C
Скопје - Нед, 06.10.2024 02:04
Комичарот Саша Барон Коен одржа впечатлив и важен говор на годишниот самит на Лигата против дефамација насловен„Никогаш е сега“, посветен на борба против семитизмот и омразата. Коен зборуваше за влијанието и одговорноста што интернет гигантите како Фејсбук и Гугл го имаат врз ширењето на ваквите негативни вредности.
Коен во својот говор аргументира зошто интернет компаниите треба да признаат дека тие всушност се издавачи, зошто е тоа важно, и зошто Фејсбук и останатите треба да ги почитуваат истите стандарди и практики за објавување како и весниците, списанијата и телевизиските програми.
„Едно нешто ми е прилично јасно: сета оваа омраза и насилство во светот е овозможено од само неколку интернет компании кои заедно ја сочинуваат најголемата пропагандна машина во историјата. (...) Фејсбук, Гугл, Јутјуб, Твитер и други се обраќаат на милиони луѓе. Алгоритмите од кои зависат овие платформи намерно го засилуваат оној тип на информации што ги држат луѓето заинтересирани: приказни што се повикуваат на нашите базични инстинкти и што поттикнуваат бес и страв.“
Извор: https://www.businessinsider.com/