Извештајот - преџвакано издание

10.11.2010 14:15
Извештајот - преџвакано издание

Наместо една, на транзицијата
ставивме три точки

 

Опа, стигнаа оценките за нашава земја! Дајте да видиме што има во нашава ученичка книшка:

„Македонија продолжува достатно да ги исполнува политичките критериуми (за почеток на преговори)“

Добро, на сите ни е јасно дека во скоро време нема баш да ја стасаме Европа и секогаш помалку или повеќе ќе каскаме зад повеќето земји во ЕУ. Ерго, одлуките за сите фази на придружување (почеток на преговори, затворање на поглавја, влез во ЕУ и сл.) се сведуваат на политичка одлука. Заради политичка одлука на една членка на ЕУ не ни почнуваме преговори. Ете ви, во првата сентенца од извештајот самата ЕУ си го поткопува авторитетот за оценување. Играјте си вие реформи без граници, ама на крај со политичка одлука ќе ве решиме, вака или онака. Со други зборови политичките критериуми се залудни за политичките одлуки. Логично, така?

Владеачката коалиција е стабилна и постои соработка помеѓу политичките фактори“.


Ова си го знаеме, не мора во извештај да ни го ставаат. Да, да, они се стабилни, нив ништо не ги потресува, ни протести, ни секој трет граѓанин под прагот на сиромаштијата, ни корупција, ни бутур...Зошто сите коалиции ни се стабилни, а партиите во опозиција очи ќе си ископаат? Што ли е причината за ова, хммм? Коалициите се наше најдобро оружје за заштита на демократијата/

Одреден прогрес постигнат во реформите на Собранието, полицијата, судството, јавната администрација, заштита на малцинствата.

Реформите во Собранието за обичниот граѓанин се видливи само во реконструкција на покривот и изградба на куполите на зградата на парламентот, полицајците толку се изреформираа демократски што почнаа и полициските станици да ги ограбуваат, јавната администрација на конкурсите за работа собира повеќе народ од протести на опозициска партија. Сè е ова убаво, но до кога за позитивните работи ќе можеме само да читаме?

Понатамошни напори (читај недоволни) се потребни во повеќето области од политичките критериуми, особено во независност на судството, реформи на јавна администрација и слободата на изразување во медиумите. Политичкиот дијалог треба да биде зајакнат.

Независност на судство и политички дијалог се евергрин теми на ЕК, а реформите на јавната администрација се непрекинат процес, еве гледаме и во некои супер-водечки земји членки на ЕУ. Независност на судството во ваков постоечки систем може да се постигне само ако за судии донесеме еден контингент судии од далечниот Исток. Нема политичар што нема „петшес“ познати другари, роднини, кумови, баџанаци, снаи, братучетки, школски френдови и така редум. Здрав политички дијалог со оваа генерација политичари е практично невозможен, оти во старт се пропушти можноста (по)младите политичари повеќе да се посветат на иднината на земјата, а не на озборувачки квазиетички дебати за транзицијата. Авотоцензурата на новинарите и на медиумите е возможна само со длабинска промена на менталитетот. Ако под реформите на јавна администрација најмногу се подразбира нејзино опипливо намалување, тешко дека таков пресврт која било власт може да направи а да не се самозатрела политички. Сума сумарум, овие области ни станаа дежурни теми и со нив ќе се расправаме сериозно и по наш влез во ЕУ, кога и да биде тоа.
 

„Улогата на начинот на спроведување на прислушувањето не е на линија на европските стандарди...“

Овде едноставно требаше да ни напишат дека ние тоа многу подобро го правиме ова, толку се изреформиравме и напреднавме во прислушувањето што се заборавивме во напредувањето.

Постигнат е напредок во заштита на околината (т.е. на поле на екологијата)“.

Во елаборацијата се спомнуваат детали околу контрола на употреба и циркулација на тутунот, заштита на здравјето на потрошувачите и слично. Не сме баш сигурни за наведените работи, но во едно нешто сме здраво уверени: со беспрекорната борба да ги кријат своите валкани алишта далеку од јавноста, политичарите многу придонесуваат за екологијата.

Забележан е прогрес во имплементацијата на законот за антикорупција, нема недоследности во самиот закон“...

Ако читате внимателно повеќето позитивности се однесуваат на усвоени закони, регулативи и слична формална папирологија. А почне да се анализира примена на некој закон или реформа која била пофалена во некој си претходен годишен извештај работите почнуваат да чкрипат, ама ова, ама она, хауевер...(или ти изворно: „не е направен понатамошен напредок за да се осигура имплементацијата на легислативата“). Многу сме формалисти, што да каже човек другo, важно во книшката да пишува преодна оценка. Колку останало во глава, их, тоа нема врска.

Повеќето параграфи на Извештајот се извезени по троецот: „Progress - Some Progress – However“ (напредок – извесен напредок – но). Ех да не беше тоа „хауевер“, кај ќе ни беше крајот!

Kако и да е, сума сумарум, важно е животот во Македонија ставен на хартија и виден од Брисел треба да изгледа подносливо ете токму толку колку ЕУ да си нема грижа на совест што ни аминувале дека животот ни е колку толку нормален. Како ли би изгледало ние граѓаните да ги правиме овие извештаи? Од 90-та до сега немаше да има позитивен, ве уверувам.

Илустрација: Damian Loeb

 Преџвакано, Изспинирано,

 Преџвакано, Изспинирано, Фризирано може и Микијев Забавник да излезе.

 PPP, neverojatno si

 PPP, neverojatno si duhovit. 

Хитлер не го спомнаа во

Хитлер не го спомнаа во извештајот? :-(

Колку и да звучи глупо, ја

Колку и да звучи глупо, ја извештајот го разбрав тек кога го видов преџвакан на Он.нет, на македонски :)
Не дава да се ставаат линкови ради спам, па еве го копи-пејстиран извештајот овде, а правата се на он.нет
---
Во загревањето за извештајот, ЕК објаснува дека канцеларијата на македонската делегација на ЕУ располага со буџет од 108 милиони евра, од кој до јули годинава биле потрошени 60%.
ОПШТО

ЕК забележува на политичко влијание во вработувањето и унапредувањето на сите нивоа во јавната администрација, и им е комплетно чудно што процесот на претворање на привремените во трајни работни места не бил добра основа за наоѓање на искусни и конкурентни јавни службеници.

Признаваат дека сме се потрудиле околу корупцијата, и ним посебно им биле интересни за гледање големите акции на полицијата и апсењата, ама криво им е што од сета таа работа многу малку на крај завршиле во затвор.

Кога сме веќе кај апсењето, ако вие не сте чуле, тоа не значи дека и ЕК не чула дека Омбудсманот работи нешто, напротив и вонредно многу е пофален и се препорачува да му го зголемат буџетот.

На комисијата и се допаднало што Груевски и Папандреупочнале да се гледаат, само им е криво што нема многу ќар од муабетите меѓу двајцата. Ама сепак оцениле дека и муабет е некаков напредок во однос на не муабет.

Најголема забелешка кај информатичкото општество и медиумите им е што уште нема одржливо решение за јавниот радио дифузен сервис а.к.а. МРТВ. Инаку, Фејсбук без проблем отвораат 42% од домаќинствата во Македонија.

Пушачите само што го попушија и од ЕК која е презадоволна од успехот на владата во спроведувањето на забраната за пушење.

Уште се краде на царински давачки и ддв.

ПОЛИТИЧКИ КРИТЕРИУМИ

- Не постои некој суд со кој не соработуваме. Кој, што и да побарал од нас, ние повеќе од радо му удоволуваме.

Парламентот, сè одлично направил, само им памтат за тепачката со полицијата. Плус пребројале дека членовите на комитетот за меѓунационални односи од вкупно 10 закажани средби успеале да се соберат доволно за кворум на едвај 4. (стр. 8) 

- Што се однесува до владината коалиција, ЕК генерално е задоволна од врската, само им забележува на партнерите дека треба малку повеќе да разговараат за тоа што ги мачи, за да не дојде до недоразбирања или раскинување. (стр. 9)

СЕП биле добри, ама треба да прекинат да им попуштаат на останатите министерства и уште малку да ја стегнат владата во координација за исполнување на ЕУ агендата за интеграција. (стр. 9)

Партиите уште се прават на блесави и со доцнење од една година подоцна го поднеле извештајот за финансирање на партии и изборни кампањи. И покрај тоа никој не им изрекол никаква казна на ВМРО, СДСМ и ДУИ. (стр. 14)

Човековите права биле прекршени во 21 случај и тоа најчесто заради мрзата на судовите. (стр. 15)

- Минатата година биле спроведени 40 истраги против членови на алфите, а против 50 полицајци биле поднесени вкупно 36 обвиненија. (стр. 15)

Душевните болници имаат сериозни проблеми.

- Што се однесува до рамковниот договор, сè одлично ни оди со него, сè додека не ја спукаме, како што беше случајот со демонстрациите против македонската енциклопедија. (стр. 21)

- Во земјава имаме околу 1.500 бегалци и над 700 внатрешно раселени. (стр. 22)

ЕКОНОМСКИ КРИТЕРИУМИ

- Во однос на економијата, сите знаеме што сакаме и барем сме сложни околу тоа. Соработуваме со сите можни фондови и банки. Економијата одлично ја минала кризата, пред сè затоа што на времето не сме се алчеле по лоши кредити, а и приватниот и јавниот сектор имаат некаква заслуга. Плус некако сме успеале да го намалиме увозот, а во исто време да го зголемиме извозот за 15%. Ама и покрај сето ова, (после многу бројки и проценти) ни се зголемил надворешниот долг. (стр. 25)

- Тоа што невработеноста ни е 32,2% очигледно не е толкав проблем за ЕК, како што е проблемот со името, и мислат дека бројката се должи на некакви чудни статистики. (стр. 26)

- Во 2009-та, наместо 6% раст, владата имала 6% пад наприходите, заради што морала најавеното трошење да го намали за 0,5% наместо да го зголеми како што вети за 10%. (стр. 26)

- 78% од вработените се во приватниот сектор, а главниот дел од сопственоста на државата (78,5%) е поделен меѓу 5 компании, за јавни услуги (струја, вода...). (стр. 27)

- Плус владата ни попуштала со цената на струјата.

- Што се однесува до образованието, ЕК смета дека во основа и не сме баш најобразовани, ама па затоа владата сè правела за да ни го крене просекот. (стр. 29)

КОЛКУ ГИ ИСПОЛНУВА УСЛОВИТЕ ЗА ЧЛЕНУВАЊЕ ВО ЕУ

На кратко, сè можеме да направиме, ама ни фалат пари.

На долго:

- Добро ни оди во слободата за движење на стоки, ама па за тоа сме тиња во слободата за движење на работници. Инаку, посебно треба да се гордееме на слободата во поштенските услуги. Што се однесува до движење на капиталот уште има еден тон забрани и странците не можат да купуваат земјоделско земјиште, ама па за тоа сме се подобриле во борбата против перење пари и слично. 

- Добри сме и во јавните набавки а заштитата наинтелектуални права само напредува, што го поддржуваат со тоа што министерството за Култура почнала редовно да го апдејтува делот од сајтот за интелектуална сопственост, и плус во 2009-та биле запленети 130.000 фалсификувани предмети.

- Кај информатичкото општество, уште ни фали бројот 112 за итни повици,ама па за тоа не пофалија за еден куп е-работи што сме ги направиле. Среќни се што сме решиле дека МРТВ не може да банкротира и сме и го подобриле просекот на собирање претплата, ама па за тоа се комплетно разочарани што уште сервисот го немаме решено на долг рок. Исто така им смета и што уште не се спроведува законот за сопственост на медиуми. И BoomTV го има во извештајот.

- Чисто како за споредба, во извештај од 80 страни, скоро 10% (7 страни) се посветени на судството, или исто колку што заедно добија: оданочувањето, економската и монетарна политика, статистиките, корпоративната и индустриска политика, социјалната работа и вработувањето, транс европските мрежи и регионалната политика.

- Во однос на странците, добро сме се покажале со давањето азил и моментално во земјава имаме дури 97 азиланти, миграцијата исто така добро ја работиме. Единствено уште мака им се азилантите од Македонија, што бегаат за ЕУ. 

- До сега биле издадени повеќе од 950.000 биометриски документи.

Науката и истражувањето барем на документи ни е усогласена со ЕУ.

- Она што е лошо да се прочита во извештајот е дека во основа никој не го контролира квалитетот на воздухотшто го дишеме (ама ќе почне) а направен е и доста мал напредок во областа на квалитет на водата, а истото важи и за индустриското загадување, климатските промени, хемикалиите и галамата.

- Би имале многу подобра заштита на потрошувачитедоколку не беше речиси целосно скратен буџетот за оваа намена.

- Инаку, кај здравјето речиси и ништо друго не доби пофалба освен законот против пушење. ЕК ја третира забраната како капитален проект, од кој зависи иднината на Универзумот. Нема врска што уште не е комплетно спроведена програмата за заразни болести, што душевните болници им се хорор и дека немаат основна опрема за следење и откривање рак, они се задоволни што никој не пуши.

ОД СТАТИСТИКИТЕ ВО ИЗВЕШТАЈОТ

- На 1.000 граѓани има 1.039 претплатници на мобилен.

- 42% од домаќинствата имаат пристап до интернет.

- во 2009-та сме го засилиле дефицитот за речиси три пати

- за само една година не само што ништо не сме им вратиле на банките, него и долгот на граѓаните кон македонските банки пораснал за околу 110 милиони евра и сега изнесува 2,91 милијарда (споредено со 2,8 од лани). А каматите пораснале од 8,5 на 10%.

- вработени се 52,8% од мажите и само 33,5% од жените

- во 2009-та сме одгледале 50.000 свињи помалку отколку во 2008-ма. Ама за тоа пак сме израснале цели 850.000 овци и кози.

ОД CTRL+F ВО ИЗВЕШТАЈОТ

- Затворот Идризово е споменат 5 пати

- Јавниот радио дифузен сервис е споменат 6 пати

- former Yugoslav Republic of Macedonia ја има 29 пати

 

ОкоБоли главаВицФото