Влезете

25.11.2019 19:21

За имигрантите и бегалците кои доаѓаат во Европа

Жалам за соседите,
Оние кои не знаат
Да покажат добредојде;
Ја прочитале книгата за врати
Ама заборавиле како се отвораат.

Жалам за шефот,
Секогаш бил проблем
А службениците во неговите канцеларии,
Ништо не преземаат –

Да бидеме на чисто:
Тие не прават ништо
Ама не нè претставуваат нас.

Извинете за состојбата во која нè наоѓате,
Не дека не знаевме дека доаѓате
И болките кои сте ги преживеале;

Раскомотете се, собујте ги чевлите,
Земете го ќебето,
Барем тоа можеме да сториме.

Жалам за нашите манири,
Кога последен пат бевме кај вас
таков неред оставивме,
причина зошто денес нè посетивте.

Превод: Марија Тодорова 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото