1003 hPa
93 %
3 °C
Скопје - Пон, 16.02.2026 20:59
Кога се зазори, знаеше дека луѓето надвор не се духови. Внимателно, се исправи, дојде до прозорецот и погледна. Беа повеќе одошто очекуваше. Тишината ја измами. И тие беа внимателни. Рацете на возрасните ги насочуваа децата подалеку од нејзините леи. Жетвата зеленчук за следната година е безбедна. Еден човек го крена погледот нагоре, а врзопчето на неговите гради се размрда. Колку непромислено да се донесе бебе. Погледот на човекот и нејзиниот се сретнаа и под трпеливоста таа забележа страотна итност. Не беа духови – сѐ уште. Таа ја повлече завесата, се врати на столчето и чекаше.
Превод: Марија Тодорова