Ќе има афтершокови, но граѓаните во Македонија се безбедни

26.11.2019 15:43
Ќе има афтершокови, но гражаните во Македонија се безбедни

Сите објекти во земјава кои се изградени после 1963 година, а посебно после 70-тите години се доста сигурни, затоа македонските граѓани да не паничат, по ваков силен земјотрес во Драч се очекуваат и голем број афтершокови, но македонските граѓани се безбедни, вели Михаил Гаревски, поранешен директор на скопскиот Институт за земјотресно инженерство и сеизмологија.

„Апелирам граѓаните во земјава, да не се тревожат и да бидат смирени бидејќи не може да се очекува дека овој земјотрес во централното подрачје на Драч да предизвика активирање на некои од сеизмички активните региони во Македонија. Исто така, нема простор за паника бидејќи поголемиот број на повреди при земјотреси се случуваат при бегање или пак од удари од предмети кои се во домот. Затоа и при посилен удар пожелно е да се засолниме под цврст предмет, маса, за да се заштитиме од повреда“, вели Гаревски.

Според него иако овој земјотес е посилен по ослободената енергија од катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963 година, сепак, поради оддалеченоста, ниту еден од овие афтершокови, поради атенулацијата на забрзувањето, не може да доведат до никакви оштетувања на било кој објект на територијата на Македонија.

„Албанија е земја што е поактивна сеизмички од Македонија бидејќи таканеречената микројадранска плоча се подвлекува под Динаридите. За вакви магнитуди очекувано е да има дури и поголем број жртви и многу помасовни урнувања и повреди“, вели Гаревски.

Ваква магнитуда нормално е да се почувствува и во поширокиот регион, затоа и не е за изненадување што се почувстува и во Босна и Херцеговина, Србија и тоа воопшто не е за изненадување.

Извор: Фокус

 

ОкоБоли главаВицФото