Прага

26.11.2019 17:10
Прага

13 исклучителни фотографии од фото книгата на Деков.

Постојат места каде времето е застанато а со него и приказните за луѓето кои живееле таму. Во тие места се заљубуваме, нè маѓепсуваат и нè цртаат како ликови во нивните приказни кои потоа ги раскажуваме.

„Прага интима“ е визуелна приказна за едно такво место, личен, интимен портрет на еден од најубавите и најмагичните градови на светот - Прага.

На трагите на она што го работеше познатиот чешки фотограф, Јосеф Судек, фото книгата „Прага интима“ преку 66 фотографии ги доловува скриените, вонвременски делови на градот, најчесто без присуство на луѓе.


Проектот е работен две години, период во кој авторот ја посетил Прага повеќе пати и ја фотографирал во текот на летниот и зимскиот период.

Книгата неодамна беше промовирана во Куманово, Кавадарци и Струмица, каде што беше поставена и изложба со фотографии од книгата. Промоцијата во Скопје е најавена за крајот на месец јануари следната година. 

Книгата е во издание на издавачката куќа ИЛИ ИЛИ.

ОкоБоли главаВицФото