Германски експерт обучува македонски лекари како да избегнат инциденти со пациенти

27.11.2019 12:29
Германски експерт обучува маледонски лекари како да избегнат инциденти со пациенти

Како да се подобри односот на лекарите со пациентите со комуникациски вештини со хроничните болни и тие со карцином, како и со психијатриските пациенти и нивните семејства. За таа цел, Лекарската комора покани експерт, искусен професор од Германија Уве Гилер,кој како предавач на оваа тема, деновиве зборуваше пред македонските лекари на Медицинскиот факултет во Скопје.

Во Македонија чести се инцидентите каде што револтирани пациенти или нивните семејства се агресивни, а пристапот на дел од медицинскиот персонал некогаш не соодвествува. Само во последната година во МВР се пријавени над десетина случаи на напади врз доктори и медицински сестри.

Во јавноста се познати случаите кога доктор во тетовската болница беше претепан од семејство на пациент, нападот врз доктор во болницата во Кичево, врз медицинска сестра во поликлиниката во Драчево, на Ургентниот центар и Клиниката за неврологија, како и во двете градски болници. Многу од случаите, особено вербалните не се пријавени.

„Имаме предавања и обуки преку работилници да се подобри таа комуникација, да му се овозможи на пациентот да учествува во донесувањето на одлуките. Со помош на тие обуки успеавме да создадеме пријателски однос со пациентите за полесно да се совладаат моментите на криза“, изјави за НОВА, професорот Уве Гилер.

„Во Германија еден лекар беше убиен од психијатриски пациент, а само во последната година регистрирани се стотина случаи на напади врз доктори од пациенти или членови на нивните семејства“, потенцира професорот Гилер.

Проблемот е глобален и затоа современиот свет работи на негово решавање. Во Германија студентите на медицина уште во првите години на факултет изучуваат комуникациски вештини за односот со пациентите. Во нашата држава таков предмет на Медицинскиот факултет не постои.

Извор: novatv.mk 

ОкоБоли главаВицФото