Менталните нарушувања претставени типографски

27.11.2019 15:52
Менталните нарушувања претставени типографски

 Кога Игор Купец студирал, поминувал низ тешки времиња. Страдал од вознемиреност и напади на паника. Иако ова биле лоши периоди за него, сметал дека тоа за него е ново искуство.

Години подоцна, гледајќи наназад, тој ги анализирал овие настани низ очите на графички дизајнер. Направил навистина оригинален проект: претставување на менталните нарушувања во форма на типографија, со цел да ги направи лесно препознатливи на прв поглед.

Купец совршено прикажа голем дел од растројствата, но иронично се покажува дека тој имал најмногу проблеми да го претстави токму проблемот со кој самиот морал да се бори.

Алцхајмерова болест (латински: Morbus Alzheimer) — болест од групата на невродегенеративни заболувања. Обично се јавува кај населението над 65 годишна возраст и е одговорна за 60% од дементните заболувања, следена од васкуларните деменции на второ место и алкохолната деменција на трето.[1]

Паркинсоновата болест е невродегенеративна болест која ги напаѓа моторните функции на заболениот, говорот и други функции. Симптомите генерално прогредираат со текот на времето. Во раниот стадиум на болеста, највоочливи се тресењеригидностбавно движење и отежнат од.

Прегореноста е психолошки синдром што се појавува како продолжен одговор на хроничните интерперсонални стрес на работа, [што е резултат] преголемо исцрпување, чувство на цинизам и одвојување од работата и чувство на неефективност и недостаток на остварување.“ Прегорување не е само зголемен стрес!

Зависноста е психолошка и физичка неспособност да престане да конзумира хемикалија, дрога, активност или супстанција, иако предизвикува психолошко и физичко оштетување.

Фобија е вид анксиозно нарушување што предизвикува индивидуа да доживее екстремен, ирационален страв за ситуација, живо суштество, место или предмет.

Мегаломанија е психолошко нарушување кое се карактеризира со лажни фантазии на моќ, важност или семоќ. Мегаломанија се карактеризира со зголемено чувство на самодоверба и преценување на своите овластувања и верувања. Или, мегаломан, е човек кој има претерано високо мислење за себе.

Булимија е невротско нарушување што се одликува со повремени напади на претерано прејадување и последично повраќање, како и употреба на лаксативи или диуретици и прекумерно вежбање, со цел да ја намалат телесната тежина.

Анорексија: Анорексија-нервоза е пореметување на исхраната од огромен страв од дебелина. Од физички или психички причини, болна склоност кон слабеење.

Опсесивно-компулсивното нарушување (Obsessive Compulsive Disorder (OCD)), според MayoClinic.com, е нарушување при кое личноста има нерационални стравови наречени опсесии кои ја предизвикуваат личноста да повторува одредени однесувања кои се наречени комплусивни однесувања. Ваквите акции го попречуваат животот на личноста и нивната способност да функционираат нормално и да живеат квалитетно.

Биполарното растројство е психијатриска состојба дефинирана како повторувачки епизоди на значително нарушување на расположението. Овие нарушувања може да се случат во еден спектрум кој се движи од ослабувачка депресија до незауздана манија. Поединците кои страдаат од биполарно растројство вообичаено искусуваат флуидни состојби на манија, хипоманија или она што се нарекува мешана состојба поврзана со депресивни епизоди.

Нарушување на недостаток на внимание кај хиперактивност (Аttention Deficit Hyperactivity Disorder (ADHD) - АДХД се карактеризира преку упорна шема на однесувања кои траат повеќе од 6 месеци и кои се манифестираат на повисок степен отколку кај другите деца на иста возраст, и се манифестираат преку следната тријада на симптоми: хиперактивност, импулсивност и недостаток на внимание.

Параноја - ментална болест при која болниот си замислува дека е прогонуван; манија на гонење.

Дисграфија е нарушување во учењето или во стекнувањето на вештините за пишување и покрај постоењето на нормална интелигенција, добар вид и слух, соодветно образование и социјални услови.

Графоманија - (грч. grapho, mania) мед. болест што се манифестира со несовладлива потреба за пишување на книжевни дела, без оглед на нивната вредност.

Нарцизам — (грч. Narkissos) вљубеност во себе, самовљубеност. самобендисаност (според убавиот Нарцис од старогрчката митологија што се вљубил во својот лик кога се огледал во водата) …

Инсомнија (Несоница) - недоволно спиење. Тоа е поделено според типот и времетраењето на нарушувањето при спиењето.

Депресија — состојба на нерасположение и аверзија кон активност која може да влијае врз мислите, однесувањето, чувствата и чувство на благосостојба на една личност.

Шизофренија е ментално растројство, кое се карактеризира со дизинтеграција на мисловните процеси и на емотивната реакција. Таа најчесто се манифестира како аудитивни халуцинации, параноични или бизарни илузии или неповрзан говор и мислење, придружени со значителна социјална и професионална нарушеност.

Трема - нервоза пред или за време на настап пред публика.

Турет синдром е пореметување со движењата заради одредено наследено невролошко нарушување на мозокот. Оваа положба е именувана по Францускиот невролог, Жил Турет, кој за прв пат во 1885 испитувал девет вакви пациенти. Турет синдром нема никакво влијание врз самата интелигенција или рок на живeење. Симптомите на ТС се поизразени кај децата. Луѓето со овој проблем прават постојани движења и гласови што не можат да ги контролираат.

Подготвил: Небојша Гелевски

Слични содржини

Книжевност / Психологија / Живот
Психологија / Живот
Активизам / Психологија / Живот
Активизам / Психологија / Живот
Графички Дизајн / Книжевност / Психологија / Стрип
Психологија / Живот
Психологија / Живот

ОкоБоли главаВицФото