1027 hPa
81 %
5 °C
Скопје - Нед, 14.12.2025 14:59
Во сенките на расцепените карпи,
Низ прстите минува студен песок,
Силата на месечината го длаби
ритамот кој ми треба да го продупчам
самракот, помирисам хоризонтот,
вкусам иднините. Се наведнувам
да ја фатам нежно за рака,
додека тивко прашува, кој слуша?
Кој гледа? Ќе нѐ допре ли земја?
Ноќта паѓа. Секако, се смеам.
Ѕвездите слушаат, месечината гледа,
новата земја ќе нѐ најде. Јала!
Уште една зора,
брада в гради, ребро до ребро, мојата
последна ќерка ми е свиткана в скут,
изложена на небесата целосно
со намера да го нурне нашиот заеднички
здив во длабочините. Ја кревам
уморната дланка да ја утешам,
со набраздените прсти ги галам соништата,
остатоци кои се противат на плимата.
Ги слуша ли некој ѕвездите?
Кому му е грижа што гледа месечината?
Ќе посегне ли рака новата земја? Јала. Јала!
Превод: Марија Тодорова