Да кажеме НЕ на загадувањето на воздухот: Протестен марш денес во Скопје

29.11.2019 11:40
Да кажеме НЕ на загадувањето на воздухот: Протестен марш денес во Скопје

„Додека светот бара решение за климатската криза, тука се соочуваме со незапаметено загадување на воздухот“, велат граѓанските организации.

Граѓанските организации денеска (29 ноември) организираат протестен марш, против аерозагадувањето, кој ќе се одржи пред Министерството за животна средина и просторно планирање.

Според најавата, протестот ќе започне во 17 часот пред зградата на Министерството и ќе заврши пред Владата.

„Ние, обединети граѓански активисти од Скопје, Битола, Тетово, Гостивар, Струмица, Ново Село, Струга, Охрид и други градови и населени места, кои застанавме зад организацијата на Марш за чист воздух - #ЗеленаРеволуција кој ќе се одржи денеска, 29.11.2019 со почеток во 17 часот пред Министерството за животна средина, пред Влада во 18 часот бараме исполнување на барањата кои се плод на долгогодишна граѓанска активност и иницијативи за подобрување и решавање на многубројните проблеми со загадување и уништување на просторот во кој живееме во нашата земја.

Барањата се остварливи, конкретни со рокови и одбрани после темелна анализа, затоа очекуваме посветеност и сериозно внимание за секое од нив. Не прифаќаме одговори дека ЌЕ или се работи, дека е долготраен процес, најмалку дека треба да имаме разбирање зошто процесот е комплексен, тоа го знаеме - затоа и го разделивме на конкретни активности и барања во секоја област.

Несфатливо е одолговлекување на конкретни активности како носење на закони кои стојат готови и чекаат одлука, некои и по 5 години, како Законот за почва на пример.

Несфатливо е кочење на одредени активности заради нефункционалност на една или две алки во системот, несфатливо е неспроведување на актуелни закони од една или друга институција или причина.

Несфатлива е инертност кога се во прашање 3500 животи на ваши сограѓани секоја година и пораст на тешки канцерогени заболувања.

Затоа БАРАМЕ ИСПОЛНУВАЊЕ на сите точки за активниот граѓански сектор да не биде принуден револтот да го подигне на друго ниво и да премине во граѓанска непослушност и повик за бојкот на претстојните избори, затоа што е премината секоја граница на толеранција по долгогодишни институционални борби.

Маршот е граѓански, мирен, натпартиски, мултикултурен. Се оградуваме од секакви политички влијанија, секој е добредојден, но без партиски обележја. Оваa заедничка платформа е само почеток и е производ на сите облици на граѓански активизам од годините наназад, поединечен или организиран, сплотен со младешката енергија на оние за кое ова го бараме, за нашата иднина!“, се вели во соопштението на граќанските организации.

Здружени граѓански организации и иницијативи:

Fridays For Future Skopje,
O2 Иницијатива,
Не Биди Ѓубре,
Скопје Смог Аларм,
Мој Воздух,
Движење за чист воздух,
Го Сакам Водно,
Билка,
Levizja Nena dhe Femija / Движење Мајкa и Дете,
Битола сака чист воздух,
Eco Guerilla,
Група граѓани од Визбегово,
Скопје бара чист воздух,
Здрава Котлина,
Еко Долина,
Младите од Иловица и Штука,
Е.Д.Е.Н.,
Охрид SOS,
Struganët për Strugën / Стружани за Струга,
Шепасти ентузијасти,
Дејзи Фемили
Иницијативи кои ги поддржуваат барањата, но не и бојкотот на избори и граѓанска непослушност:
ЕкоКарпош 3,2,1,
Ние сме Карпош 4,
Плоштад Слобода,
Здравје пред профит во Центар,
Shoqata ekologjike GvEko / Еколошко здружение ГвЕко / Ekoloji dernegi GvEko,
Анима Мунди,
Young Friends of the Earth Macedonia,
Екоскоп

ОкоБоли главаВицФото