Медиум на друм (1)

29.11.2019 17:50
Медиум на друм (1)

Ќе се занимаваме со умот и медиумот, со поуки за медиумите, со медиумската писменост, со нашиот медиумски контекст...

Денес започнуваме нова рубрика: МЕДИУМ НА ДРУМ.
Ќе се занимаваме со умот и медиумот, со поуки за медиумите, со забавни фрагменти од историјата на медиумите, со медиумска писменост, со нашиот медиумски контекст...

Насловот на рубриката зборува за нејзината содржина и суштина: ќе ги промислуваме медиумите и медиумското и ќе понудиме некакви ориентациони точки во тој хаотичен свет.

До насловот на рубриката дојдовме разгледувајќи ги македонските фрази и изрази поврзани со зборот УМ. На многу места зборовите УМ и МЕДИУМ ни се видоа синонимни. Секој од овие десет изрази можеше да биде одличен наслов на рубрикава, а добро ги објаснуваат и нашите намери, како уредници:

 

ДРУГИ МАКЕДОНСКИ ФРАЗИ ЗА (МЕДИ)УМ

Кај медиум таму друм.

Медиумот царува.

Медиум умува, ум робува.

И јас сум на тој медиум.

Со сиот медиум.

Не му влегува во медиумот.

Што му паѓа на медиум?!

Собери си го медиумот!

Бери медиум в глава!

Бара медиум. Продава медиум.

Не му иде на медиумот. Кој знае кај ќе му отиде.

Го дотера на медиум. Му го дотера медиумот во глава.

Како што му кажува медиумот.

Го држи во медиумот.

Крои со медиумот.

Го вади од медиум. Го извади од медиум.

Му се одзема медиумот. Од медиум излезе.

Не му излегува од медиумот.

Не се дели од медиумот.

Само тоа му е во медиумот.

Колку што му сече медиумот (а му сече ко алваџиска тесла).

Му се чуди на медиумот.

Му се смее на медиумот.

Му прдна на медиумот.

Му фаќа медиумот.

Си доаѓа на медиумот.

***

Многу важен дел на рубрикава ќе бидат анимираните гифови и други кај нас не толку вообичаени форми на илустрации. Гифовите ќе ги прават Димитар Грчев и Александар Јосифовски.

Текстуалниот дел ќе го подготвуваат Никола Гелевски и Фросина Крушкаровска.

Прилози во рубрикава ќе објавуваме секој работен ден, пет пати во неделата. 

Гифови: Александар Јосифовски и Димитар Грчев

 

Рубрикава е финансиски поддржана од проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност - КриТинк“ на Метаморфозис и Евротинк финансиран од Европска Унија.

Слични содржини

Општество / Активизам / Gif / Книжевност
Општество / Активизам / Gif / Книжевност
Општество / Активизам / Gif / Книжевност
Општество / Активизам / Gif / Книжевност
Општество / Активизам / Gif
Општество / Активизам / Gif
Општество / Активизам / Gif

ОкоБоли главаВицФото