Медиум на друм (2): Што медиумот му прави на умот?

02.12.2019 13:59
Медиум на друм (2)

ШТО МЕДИУМОТ МУ ПРАВИ НА УМОТ?

Му прави Бајрам.

Му иде отпосле.

Го вади од глава.

Го одмора.

Го заскитува.

Го штукнува, шекнува и чактисува.

Го завртува.

Го попушта.

Го заматува и затемнува.

Го прави неточен и нетокму.

Ги дотерува сите на еден.

Го лаже и изневерува.

Го полни (со пена).

Го зајдува.

Го ветрее.

Го врзува и мери.

Го прави краток и дебел.

Го настинува.

Го шета и шара.

Го лета (по ветар и по страчкини седела).

Го пие (заедно со чавките).

Го мие.

Го исчукува, тепа и бие.

Го копа и рие.

Го потресува и превртува.

Го жеже и распалува.

Го соли.

Го цепи.

Го меле.



ОТИДЕН Е СО МЕДИУМОТ

Има ли медиум во главата? Кај му е медиумот?

Ни медиум ни око го мери.

Слаб медиум јаки плеќи.

Згрешен е во медиумот.

Втасал некому медиум да дели.

Настрана е од медиумот. Неврзан е, оддалечен од медиумот, скаран.

Оди по туѓ медиум. Отиде со медиумот.

Медиумот не му иде. Толку му е.

Ујдиса по медиумот.

Слезе од медиумот.

Гифови: Александар Јосифовски и Димитар Грчев

Рубрикава е финансиски поддржана од проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност - КриТинк“ на Метаморфозис и Евротинк финансиран од Европска Унија.

Слични содржини

Општество / Активизам / Gif
Општество / Активизам / Gif
Општество / Активизам / Gif

ОкоБоли главаВицФото