Апел за помош на Антонијо Милошоски

02.12.2019 14:46
Апел за помош на  Антонијо Милошоски

Антонијо Милошоски:

1. Националистот кампер од пред Собрание кој што беше против високо образование на Албанците а глуми ЕВРОПЕЕЦ.

2. Детето што глумејќи Б'лгарин направи кариера на грбот на Доста Димовска а потоа стана Антички следбеник на Хорхе.

3. Политичарот кој што нарачуваше и местеше лустрации.

4. Син на новопечен олигарх кој со помош на Антонио купи автомото сојузи и редица фирми и направи бизнис клан Милошоски.

5. Пратеник кој направи две скапи куќи, глумејќи скромен, а молчи за штетни и сомнителни купувања на простори за амбасади (за кои има сомненија дека украл стотици илјади евра)

6. Обвинет од СЈО.

7. Соучесник во РЕЖИМ - Антонио молчеше и НЕМАШЕ ДОБЛЕСТ ЕДЕН ЗБОР ДА КАЖЕ ДОДЕКА СЕ УНИШТУВАШЕ НАШАТА ДРЖАВА, СЕ РУШЕА ИНСТИТУЦИИ, СЕ ЗАРОБИ ПРАВОТО, СЕ АПСЕА НЕВИНИ, А СЕ ОДДАЛЕЧИВМЕ ОД НАТО и ЕУ додека тој беше Министер за надворешни работи.

8. Лицемер и квазипатриот, кукакавица кој што не кажа ниту еден збор за советниците на Груевски, коишто беа дупло повеќе и три пати поскапи од сегашните советници, а истите советници освен што подржуваа режим и рушење на државата, друго не направија.

Е драги пријатели, овој Антонијо, истиот Антонио Милошоски, СЕГА СИ ЗЕМА ПРАВО ДА ГО ПРАША ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ - ЗА КРИТЕРИУМИТЕ ЗА ИЗБОР НА СОВЕТНИЦИ?!

Истиот Антонијо!?

Почитувани пријатели, јас искрено не можам да разберам дали кај Антонијо е во прашање сериозна психијатриска дијагноза, или има некој друг проблем овој човек? Дали во него живеат повеќе личности и затоа тој има повеќе ставови и идентитети?

Ако е така, ајде да им помогнеме и на Антонијо и на државата! Ајде да собереме средства за модерен лекарски преглед. Ако се потврди некаква информација со неговата психосостојба, да го ослободиме парламентот од човек којшто не е за таму.
Ве молам да се мобилизираме. Да му помогнеме на Антонио!!! Ајде да бидеме хумани!

Слики: Свирачиња

Извор: МАКТЕЛ, 02.12.19.