Песна за гостите

03.12.2019 17:09

„доаѓањето на нов гостин е причина за слава”
обичај на бедуините од Северна Африка


Страв,
И омраза
фрлен
тежи
ноќната церада
луѓе околу оган
сонуваат за темен тунел
бег со светнати
пријателски раце
кренати да фатат...?

Посакајте ни добредојде

Ви посакуваме добредојде
Дојдете ... кај нас

Ненаспани клопчиња мажи
Сведнати меѓу грмушките
Чекаат зачадени возила
Слепи патници со сиви
Усни од печатени зборови
Покажани со стап или одбиени?

Посакајте ни добредојде

Ви посакуваме добредојде
Дојдете ... кај нас

Коноп жени деца
Држат чувства како мрежа
Ко ранети врисоци
Дур солзи од срце солат
човечки реки над земјата
морињата нејзини ќе ги избришат ли
гнасни лиги злобна незаинтересираност
валкан екот од напорниот полис
крв ли е тоа на нивните раце?

Посакајте ни добредојде

Ние ви посакуваме добредојде
Дојдете ... кај нас
Масата е полна
А сепак празна без вас

Превод: Марија Тодорова

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото