Медиум на друм (4): Што ви направихте, книги многобројни?

04.12.2019 13:54
Медиум на друм (4): Што ви направихте, книги многобројни?

ШТО ВИ НАПРАВИХТЕ, КНИГИ МНОГОБРОЈНИ?

Што ви направихте, книги многобројни?
Ви каков донесохте плод?
Усмалихте ли вие маки безбројни
На горкијт тој ми народ?

Рајко Жинзифов

 

КНИГИ ОД КРВ И МЕСО

На книгите од мастило треба да се одговори со книги од крв и месо.

Емерсон

 

ТЕЛА БЕЗ ДУША

Книгите... тела без душа.

Леонардо да Винчи

 

СВЕТЛОСНА КУГЛА ВО РАКАТА

-Всушност, треба да читаме заради моќта. Човекот што чита, би требало да биде интензивно жив. Книгата треба да биде светлосна кугла во раката.

Езра Паунд

 


КНИГАТА КАКО ОГЛЕДАЛО

-Една книга, бевте рекле, тоа е огледало што изобличува, идеална проекција.

-О! Постојат различни теории. Секоја школа има своја естетика. Зарем натурализмот не тврдеше дека романот е огледало носено по работ на некој пат, на што импресионистите возвратија дека повеќе станува збор за огледало носено на работ од некој канал или река. Но јас мислам на Бодлеровиот носач кој ја огласува својата стока по париските дворови - прости прозорски стакла, но многу покршливи и почудесни и пофини од огледалата, т.е. чудотворни огледала.

Блез Сендрар, во разговор

 

Гиф: Димитар Грчев и Александар Јосифовски

Рубрикава е финансиски поддржана од проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност - КриТинк“ на Метаморфозис и Евротинк финансиран од Европска Унија.

Слични содржини

Општество / Активизам / Gif / Книжевност
Општество / Активизам / Gif
Општество / Активизам / Gif
Општество / Активизам / Gif
Општество / Активизам / Gif

ОкоБоли главаВицФото