1012 hPa
51 %

15 °C
Скопје - Пон, 12.05.2025 22:59
Мама секогаш ја покриваше главата
пред да излезе од дома;
и, секако, кога се молевме.
Памукот, понекогаш шифон или шарен:
подарок од Скагнес, ги врамуваше
високите јаболчници, ги притискаше кадриците.
Нејзината мајка носела шапка, дури и на вечера,
баба ѝ долг волнен шал
собран со игла под брадата.
Денес, снаа во селската продавница;
хиџаб ги врамува нејзините големи кафени очи.
Превод: Марија Тодорова