Косили

05.12.2019 12:42
Косили

Со години не сум видела Косили во маркетите. Или не сум забележала, зашто детските производи стојат на посебни рафтови покрај кои не ме носи животот. Синоќа оддалеку ги препознав, сино и розово, еднододруго, и веднаш се упатив кон нив. Дизајнот беше променет, веќе не беа топчести како некогаш, тоа малку ме сепна, ама сепак ме интересираше нешто друго. Набрзина го отворив капачето. Ах, таа чудесна моќ на олфакторната меморија! Реалноста со плисок загази во пенливиот мирис.

Ги ставив двете Косили во кошницата, и синото и розовото, се разбира. Одвај чекав да стигнам дома, да ги внесам во бањата и да чујам две детски гласчиња: розово, на ќерка ми која се кикоти и плеска по водата и сино – на син ми кој се мурти во коритцето, триејќи ги очите со своите бумбарести тупаничиња.