Медиум на друм (5): Медиумите целосно нè напаѓаат

05.12.2019 14:03
Медиум на друм (5): Медиумите целосно нè напаѓаат

МАРШАЛ МЕКЛУАН (1911-1980)

Сите медиуми се продолжување на некои човечки способности - психички или физички.

***

Сите медиуми предизвикуваат четири едновремени процеси: медиумот засилува одредена човечка функција, ги обновува изгубените практики, некои други ги прави застарени и самиот се претвора во нова функција.

***

Медиумите целосно нè напаѓаат. Тие проникнуваат толку длабоко со нивните лични, политички, економски, естетски, психолошки, морални, етички и социјални последици што ниту еден дел од нас не останува недопрен, природен, непроменет. Медиумот е порака. Разбирањето на општествените и културните промени е невозможно без познавање на начините според кои функционираат медиумите како целосно опкружување.

***

Медиумот, со прекројување на опкружувањето, ги привикува во нас посебните аспекти на сетилната перцепција. Проширувањето на можностите на било кое од сетилата го менува начинот на мислење и дејствување - начинот на кој светот се забележува. Кога овие односи ќе се променат, се менува и човекот.

Маршал Меклуан



 

МЕКЛУАН ГО ПРЕДВИДЕЛ ИНТЕРНЕТОТ?

Маршал Меклуан го знаеме по две често погрешно инерпретирани синтагми: „Медиумот е порака“ и „глобално село“. Со првата сакаше да каже дека содржината на сите електронски медиуми е безначајна, но дека битно поголемо влијание на околината има самиот медиум. Со другата, пак, сакаше да каже дека електронските медиуми ќе станат „продолжувач на човековиот централен нервен систем, создавајќи единствена аморфна, конфузна и полусвесна метазаедница".

Некои аналитичари сметаат и дека Меклуан го „предвидел“ и постоењето на Интернет, алармирајќи дека „новиот медиум“ ќе има голема моќ да шири гласини, дезинформации и надзор. Накусо, тој во пионерските денови на електронските медиуми го опишал нивниот потенцијал за хомогенизација, ама и за дехуманизација на општеството.

Во интервју од 1966 година утврдил: „Многумина мислат дека ако говориш за нешто што се случува, тоа нужно ви се допаѓа. Најчесто е спротивното. Треба да го разберете она што се случува - за да знаете кога да го притиснете прекинувачот.“

Повеќе за Меклуан и неговите книги во Медиум на друм (6).

 

Гиф: Димитар Грчев

Рубрикава е финансиски поддржана од проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност - КриТинк“ на Метаморфозис и Евротинк финансиран од Европска Унија.

Слични содржини

Општество / Активизам / Gif / Книжевност
Општество / Активизам / Gif
Општество / Активизам / Gif
Општество / Активизам / Gif
Општество / Активизам / Gif

ОкоБоли главаВицФото