Недостатокот на политичка волја го кочи Законот за заштита на укажувачите (2)

07.12.2019 02:27
Недостаток на политичка волја го кочи Законот за заштита на укажувачите

ИЗГУБЕНАТА ДОВЕРБА ТЕШКО СЕ ВРАЌА

Без разлика на тоа што законот е во сила, а сега се усвоени измени, спроведувањето не е многу успешно. Тоа се наведува и во извештајот на Државната комисија за спречување на корупцијата, која според Законот е должнa до Собранието да достави годишен извештај за примени пријави од укажувачи. Во извештајот објавен лани, а во кој се анализира претходната година, комисијата наведува дека имплементацијата на Законот е на незадоволително ниво, што, како што пишуваат антикорупционерите, првенствено се должи на отсуство на изразена политичка воља за воспоставување на системот на заштита на укажувачите во јавниот и приватниот сектор.

Софка Пејовска-Дојчиновска, член на ДКСК, на Конференцијата која во текот на летото ја организираше „Транспаренси Интернешенел - Македонија“ посветена на овој Закон рече:„ Некако по природата на нештата ДКСК ја презеде улогата за грижа, условно речено, за спроведувањето на законот. Иако за надзор над спроведувањето на законот е надлежно Министерството за правда, ние се препознаваме како институција која што сега, условно кажано, во едно ново претставување, сака да биде, без претензија на самобендисаност, лидер во туркањето на работите што се врзани со спроведување на законот. Фактот дека јавноста сеуште не беше подготвена за ваков Закон, е тоа што дури сега гледаме ефекти. А зошто? Во нашата држава довербата во институциите беше целосно на ранишана- нула, или под нула, и многу е тешко да вратите доверба кај граѓаните во институциите. Да не бидам саркастична, ама повеќе од 80 отсто институции не знаат дека воопшто има закон за заштита на укажувачите. И тоа е голема пречка. Вие ако не знаете дека има таков закон, како потоа би постапиле? Тоа се неколку сегменти кои треба да ги имаме на ум кога говориме за примената на законот“ вели Пејовска-Дојчиновска.

Таа вели дека во однос на Заонот, неопходно е подигање на свеста, подигање на свеста на целата јавност, на граѓаните, но најнапред на луѓето во јавниот сектор и кои што се овластени за прием на пријави, затоа што е сериозна постапката, бара пристап кој што има многу чекори, и кампањи од секаков вид, пошироки обуки, прво скалило да бидат овластените лица, втората целна група да бидат вработените во јавниот сектор, приватниот сектор, граѓаните.

Според она што ние го истраживме, постои голем број на сложени системи со неколку илјади вработени, со истурени единици низ цела држава во кои работат стотици вработени, а на ниво на целиот ситем има само едно или нема ни едно лицекое еопределоно за прием напријави од укажувачи. Такви примери има многу. УЈП, Управа за јавни приходи има 1.172 вработени,има шест регионални дирекции и 17 даночни одделениа низ државата, а на нвната веб страна освен име на едно лице (инспектор за професионални стандарди) кое е назначено да прима пријави според овој Закон, нема никакви други упатства. Агенција за вработување има 30 подрачни едици во државата и има именувано двајца овластени лица за прием на пријави врз основа на Законот и процедури и начинот за пријавивање., Агенција за јавни патишта има истурени единици низ цела држава, на нивата веб-страна, како што предвидува и Законот транспарентн е објавено името на лице коие е овластено да прима пријави според Законот, правилник за негова инплементација, упатство и одредбите од Законот.ЈП национални шуми има 30 подрачни единици со скоро 1300 вработени, ЕВН, МЕПСО на нивните страни не успевме да пронајдеме транспарентно објавени подтоци за примена на Законот.

Според податоци на Министерството за информатичко општество, Единици за локална самоуправа имат формирано на локално ниво 788 јавни институции, Влада 428, Претседател 1, Републиката 70, Собрание 27,јавни институции, сите тие се обврзани да го применуват Законот за заштита на укажувачи.

Ирена Поповска, раководител на Одделение за спречувење на корупција во ДКСК, вели дека Јавните институции кои имат повеке истурени оделениа низ државата , според Законот би требало да имат повеќе овластени лица за прием на пријави од укажувачи. „Сите јавни институции и приватни компании, комори, агенции, здруженија според Законот се должни на своите веб страници или во просториите каде се сместени на видни места достапни до секој вработен или граѓанин да ги објават транспарентно податоците на овластеното лице за прием на пријави- значи неговото име и презиме, поштенската адреса, телефонскиот број, имеил адресата, заедно со конплетната процедураи начин на пријавивање. За да секое она лице кое самото се чувствува дека може да се јави во улога на укажувач, знае однапред со кого да комуницира, што го чека во текот на постапувањето по неговата пријава.

Но дали е така? „Ние како ДКСК сме задолжени да водиме регистар на овластени лица за прием на пријави од укажувачи согласно ЗЗУ (Закон за заштита на укажувачи, н.з.) и истиот да го објавиме на нашата веб-страна. Јас во изминатиот период изготвив регистар, негде податоците ми се околу 100 лица пријавени, меѓутоа, интересно е тоа што на почетокот, кога почна примената на законот, институциите ми ги пријавија лицата, во меѓувреме имав сознанија дека има промена во лицата, меѓутоа, не сум повратно информирана за тоа кои се сега овластени лица. И последната обврска што стои, тоа е дека сите овластени лица треба да доставуваат полугодишни извештаи, два пати во годината, со сите податоци околу тоа дали има примено пријави од укажувачи, со сите елементи кои што ги пропишува подзаконскиот акт вели Поповска.

Покрај персоналниот сегмент на тој систем за заштитено внатрешно пријавување, битно е да бидат исполнети просторно-технички услови, лицето да има соодветен работен простор, добро е тоа да биде некој простор надвор од видео-мониторингот во институцијата, бидејки тоа може да биде некој ограничувачки фактор. Потоа, лицето да има посебен компјутер, со влез, корисничко име и лозинка познати само за овластеното лице, да има посебна електронска адреса, исто така со влез, име и лозинка познати само на овластеното лице, посебен приемен штембил, посебен деловодник, посебно поштенско сандаче, телефонска линија, документарен ормар за чување на документи.

Практично ни една од институциите во целост не ги исполнува овие услови.

Институции кои имаат назначено лица за прием на пријави од укажувачи

 
ПОТРЕБЕН Е ВЕТЕР ВО ГРБОТ

Во рамки на овој проект, а со цел да провериме колку се запознаени и информирани вработените во разни институции за можностите да ја корстат оваа алатка за борба против корупција и колку се заштитени ако пријават корупција во своето опкружување направивме блиц истражувањае на веб страните на неколку познати јавните институции, здравствени установи,големи компании, комори, здруженија...и ги нотиравме тие кои немат: ЕВН, АМСМ,Стопанска комора на Северна Македонија, Лекарска комора на Северна Македонија, Комора за приватно обезбедување, Централен регистар, градежните компании Адора, Голден Арт, Дабар и Елена Лука, просурфавме на веб страниците на големи трговски ланци Тинекс, Веро, Кам маркет, нажелезара Макстил, Цементарница Титан, Брако, Болница за душевни болести Бардовци, болница Систина. И тие кои имат: МВР, Катастар, УЈП, Агенција за државни патишта, агенција за вработување, за да видиме колкав е степенот на нивната информираност за постоење на овој закон, дали ја исполниле својата законска обврска и дали именувале лице за прием на пријави според Законот за заштита на укажувачи, дали се трнапарентно обајвени процедурите за пријавување, какви се и дали се безбедни каналите за заштита на укажувачите. Резултатите не се воопшто охрабрувачки.

Очигледно е дека во институциите во државата е сè уште е релативно ниска свест за потреба од заштита на јавниот интерес и дека поради тоа треба да алармираат ако е извршено, се извршува, или ќе се изврши кривично дело или некое друго незаконито и недозволиво однесување.

Сите тие според Законот имаат обврска да воспостават систем за заштитено пријавување од страна на укажувачи во самата институција и тоа треба да биде објавено на влезот од самата институција на видно место или нивната веб страница. А обврските се однесуваат и за приватните компании кои имаат вработено над 10 луѓе.

„За жал досега многу малку институциите најавија дека тоа го направиле, а и тие што најавија дека тоа го направиле во нивни институции не постои јавно објавена информација како тоа се прави и каде може некој да се обрати“, вели Тасева.

Од 1.314 јавни инсируции чији основачи се Влада Парламент и ЕЛС само неполни сто го испочитувале Законот за заштитено пријавување и именувале одговорни лица. Меѓутоа ни една нема објавено протокол за пријавување, нити редовно двапати годишно поднесува извештај до ДКСК. И ДКСК до сега изготвила само еден извештај кој во 2018 година го доставила до Собрание, со оправдување дека скоро цела година не беа именувани членови на Комисијата.

Државната комисија за спречување корупција сака да даде ветер во грбот на сите потенцијални укажувачи дека законот е тука, со цел да ја регулира заштитата на пријавувањето, особено, во делот на тоа укажувачите да бидат потполно заштитени и да бидат сигурни дека ништо не може да им се случи доколку ги испочитуваат процедурите предвидени во законот. Тие ги охрабруваат институциите што побрзо да си именуваат, да си овластат лица кои што би работеле со укажувачи, бидејќи само така, заедно, сите здружени можеме да застанеме на браникот на демократијата и на човековите права.

Анализата на доставените полугодишни/годишни извештаи за приемни пријави од укажувачи од страна на институциите до Државната комисија за спречување на корупцијата во текот на 2016 година и податоците во нив дека во првата година од спроведување на Законот не е евидентирана ниту една пријава доставена од укажувачи а заклучно со оваа година се примени само 18 пријави, покажа дека свеста на овластените лица и вработените лица во институциите од јавниот и приватниот сектор, како и на пошироката јавност за воспоставениот систем на пријавување и заштита на укажувачите, е на многу ниско ниво и оттаму е неопходна силна медиумска кампања за подигање на јавната свест.

„Државната Комисија за спречување на корупција подготви Стратегија за промоција на системот за заштита на укажувачите со што треба да се зголеми видливоста на овој Закон, но таа уште не се применува бидејки немаме доволно средства да ги спроведеме активностите кои ги планираме и чекаме на донаторите од странство кои би помогнале во нејзината реализција, очекуваме да почнеме со нејзиното спроведување во 2020 годинапосле што ќе следи донесување на акцискиот план. Сакаме благовремено да укажеме на неконзистентност на некои елемнти од овој закон и да помогнеме тие да се отклонат. Сепак, оценуваме дека довербата за применивоста на овој инструмент кај граѓаните расте, вели Поповска.

Софка Пејовска Дојчиновска, член на ДКСК, вели дека Националната стратегија за спречување на корупција и судир на интереси која ја подготвува ДКСК, кога ке биде завршена, овој пат ќе оди пред пратениците на Собрание на Република Северна Македонија да ја усвојат како документ со кој ја изразуват политичката воља да застант зад мерките кои ги предлага ДКСК и кои се во неа предложени.
Од моментната, актуелна ситуација околу оперативноста на Законот нетребаме да бидеме обесхрабрени бидјејќи и многу поразвиени демократии во Европа имаа долг процес за неговата имплементација и оперативност. Во Холандија на пример, тој процес траеше три години, што значи дека законот треба да биде добро втемелен и да се направи проверка на други регулативи.

Според Мирјана Најчевска, професорка на Институтот за социолошки и политичко правни истражувања неспроведувањето на законите кај нас е генерален проблем.
„Законите не се соодветно презентирани. Според мене не е доволно донесувањето на овој закон, туку ќе мора многу да се работи, прво на неговото пропагирање, а второ на јасно објаснување на граѓаните на кој начин ќе може да го употребат”, вели Најчевска.

КОЈ, КАКО И ШТО ПРИЈАВУВА

Пошироко гледано, и обичните граѓаните не се доволно запознаени дека постои законско право да го пријават секој обид на корупција во јавни и приватни инститции. Тоа произлегува од Законот за укажувачи. Според овој закон постојат неколку нивоа и механизми за пријавување на корупција, при што дојавувачот-укажувач и неговите лични податоци се потполно заштитени.

Системот за укажување може да биде ефикасен само ако е составен од оперативна, нормативна и институционална рамка, која го унапредува општиот интерес на транспарентност и одговорност. Ова значи дека регулаторната рамка треба да создаде соодветни канали за пријавување, или во организацијата каде што се случил престапот или во надворешно тело со мандат да го истражи и соодветно да постапи по престапот. Дополнително, јавното пријавување- преку традиционални или социјални медиуми- мора да биде перципирано како легитимно, бидејки постои нераскинлива врска меѓу јавниот интерес, слободата на изразување, и правото да се прима информација.
Мораме да разјасниме дека според Законот, Укажувач е практично секој полнолетен граѓанин на Република Македонија и при пријавување на корупција тој и неговите лични податоци се максимално заштитени.

Пријавување може да биде на неколку нивоа.
Законот посебно ги стимулира и ги штити како укажувачи самите вработени во јавните институции, кои можат да ја пријават секоја корупција или сомнеж за корупција во својата установа. Тоа може да биде лице кое е во работен однос во институцијата, кандидат за вработување, хонорарец, привремено вработен, лице кое по било кој основ било ангажирано во институцијата, лице које било во деловен однос со институцијата или соработувало, или правно лице које имало релации со институцијата.....

Станува збор за потполно заштитено пријавување при што идентитетот и личните податоци на пријавувачот се комплетно заштитени. Пријавувањето може да биде внатрешно, надворешно и јавно, пријавувачот треба да има добра намера и таа да е во функција на заштита на јавниот интерес.

Заштитено внатрешно пријавување подразбира пријавувач на корупција тоа да го направи во институцијата во која се сомнева дека поединци се корумпирани или има докази дека е извршена корупција, или некое друго незаконито постапување со кое е повреден јавниот интерес. Пријавувањето може да се направи усно или во писмена форма кај овластено лице во институцијата, или овластено лице за прием на пријава од укажувач. (тоа подразбира дека институција треба да назначи овластено лице за оваа функција, така предвидува Законот), и тоа на формулар кој го има подготвено институцијата. Тоа овластено лице, раководно лице или како е назначено мора да постапува според процедурите кои се утврдени со актот за внатрешно пријавување. Заштитено внатрешно пријавување во институциите од јавен сектор се уредува со акт што на предлог на ДКСК го донесува министерот за правда, тие акти и упатства морат да бидат јавни и достапни до сите вработени во институцијата, односно правното лице.

Заштитено надворешно пријавување подразбира дека укажувачот кој се сомнева дека во некоја јавна институција, министерство, служба, инспекција, управа... има корупција, тоа може да го пријави и надвор од таа институцијата. Пријавата треба да ја достави до надлежното јавно обвинителство, Министерство за внатрешни работи, ДКСК, Народниот правобранител на Република Македонија и други надлежни институции, односно правни лица и тоа може да го направи усно или во писмена форма, а надлежна институција е должна без одлагање, а најдоцна во рок од 15 дена од прием на пријавата да го информира пријавувачот за превземените мерки.

Укажувачот може и преку медиуми, конференции за печат или на друг начин јавно да обелодени корупција во некоја инститција со тоа што информациите со кои располага за корупција ќе ги направи јавно достапни до сите граѓани и институции, укажувајќи дека се извршува или ќе се изврши казниво дело корупција.

Укажувачот има право на надомест на штета што може да ја претрпи тој, или нему блиско лице поради пријавувањето.
Законот предвиува и прекршочни одредби за правни лица и раководни лица доколку не се придржуват до овие одредби и процедури. И тоа со казна од 3000 до 6000 евра во денарска против вредност ќе се казни овластено лице назначено за прием на пријави од укажувач, односно раководно лице во институцијата доколку неги почитува одредбите на Законот, а со 2000 до 4000 евра ќе се казни институцијата.

Според овој закон, сите јавни институции се должни да именуват надлежно лице кое треба да прима пријави од дојавувачи, или раководно лице која ќе ја врши таа работа. Меѓутоа, најчесто овластеното лице е воедно и раководно лице, што кај пријавувачи внесува страв од репресии доколку се пријави корупција. Иако корупцијата е широко распространета, иако е голем процент на граѓаните врз кои имало притисок за корупциј,а кај граѓаните не постои високо ниво на свесност или воља да ја пријават корупцијата.

ШТО ПЛАНИРА ЕУ

Според терминлогијата на ЕУ каде сè уште многу се дискутира за оваа категорија на луѓе, Свиркач или укажувач е лице вработено во некоја институција или компанија во која забележал неетички или незаконски практики, однесување спротивно на јавниот интерес, и за тоа решило да ја извести јавноста. Ваквите лица потоа многу често се соочуват со отказ од работа, тужби, закани па дури и убиства.

Затоа Европската комисија предложи нови правила за заштита на укажувачите кои би требало да важат во сите земји-членки. Таканаречените свиркачи, или укажувачи на измами, финансиски малверзации, даночни затајувања, нелегално користење податоци, корупција и слични незаконски дејствија би требало да добијат поголема заштита од евентуалните последици. Тоа е содржано во новите правила предложени деновиве од страна на Европската комисија. До ова доаѓа откако активисти за транспарентност искажаа серија критики за законодавството на ЕУ во врска со слабата заштита на укажувачите и немањето гаранции дека тие, откако ќе посочат на некакви неправилности, нема да бидат изложени на репресии.

Франс Тимерманс, потпретседател на ЕК зборувајќи за значајот на дојавувачи, неодамна изјави за Радио Слободна Европа дека: „Доколку луѓето со инсајдерско знаење немаа храброст да зборуват, многу актуелните скандали никогаш немаше да бидат обелоданети. На пример, Панама документите, Луксембуршките, Дизелгејт, и Кембриџ аналитика... Но, тие луѓе, превзедоа огромен ризик, легален, па и физички, за нивните кариери и за нивниот живот. Укажувачите често плаќаат висока цена за нивните постапки. Затоа, верувам дека треба подобро да ги заштитиме“.

Европската комисија смета дека нејзиниот предлог за новите правила ќе значи промена на играта. Односно компаниите ќе мора да воспостават интерни канали и за укажувачите и да ги заштитат од репресии, како отпуштање од работа, понижување, па дури и судски постапки. Истовремено постојат и правила и заштита од евентуалните злонамерни или неточни укажувања.

„Нашите нови предлози ќе ги заштитат луѓето кои ќе укажуват и се соочуват со можни негативни последици, без оглед на нивниот работен статус. Значи, не само вработените, туку и оние што се по договор за дело, привремените и апликатни за работа.Заштитата ќе се однесува меѓудругото на сите оние кои ќе демаскират илегални активности во јавните набавки, финансиските услуги, перењето пари, нуклеарната безбедност, безбедбноста на храната, приватноста и заштитата на личните податоци и слично“ изјавил Франс Тимерманс.

Кон првиот дел

Слики: Joseba Elorza

Оваа истражувачка сторија е подготвена од новинарот Александар Писарев, како дел од активноста „Јакнење на платформата за граѓански организации за борба против корупција" поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Ставовите изразени во сторијата му припаѓаат на авторот и не ги изразуваат ставовите на УСАИД или на Владата на САД.