Ерусалим

09.12.2019 12:22

На покрив од Стариот град
преслека виси во доцната сончевина на пладнето:
Белиот чаршав на жената што ми е непријател,
пешкирот на човекот што ми е непријател,
да му ја брише потта над веѓите.

На небото од Стариот град –
летало.
На другиот крај од жицата –
дете
што не можам да го видам
поради ѕидот.

Ние сме ставиле многу знамиња,
тие ставиле многу знамиња.
Да си мислиме дека сме среќни.
Да си мислам дека се среќни.

Превод: Виктор Шиков

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото