1026 hPa
81 %
6 °C
Скопје - Чет, 12.12.2024 06:59
На овогодинешниот конкурс „Новите!“ за најдобар дебитантски прозен ракопис со задоволство објавуваме дека добивме вкупно 18 ракописи од 16 автори:
1. Александар Ресавски - „Старецот волшебник и карпестата планина“
2. Александра Мачковска - „Вокабуларис“
3. Алмир Бајрамски - „Состојби“
4. Ана Алексовска - „Талкање“
5. Анета Петрушевска - „Невидливото“
6. Гордана Каракашовска - „Година на козата“
7. Гордана Каракашовска - „Квантна теорија“
8. Гордана Каракашовска - „Скоро триесет години“
9. Ирена Јурчева - „Раскази“
10. Ирина Георгиева - „Белиот гулаб“
11. Камелија Миткова - „Среќа со поминат рок“
12. Маја Трајковиќ - „Мрачен дом“
13. Наташа Радевска - „Бегство од времето“
14. Ненад Алексовски - „Сантос блуз“
15. Сузана Стаматовска - „Едно лето во Скопје“
16. Филип Јовановски - „Пен абу“
17. Христина Димоска - „Конфереција“
18. Цветанчо Талески - „Смееше ли нашата приказна да има надеж“
На 16 декември жирито во состав Фросина Крушкаровска, Алекс Букарски и Мања Величковска ќе ги објави насловите на ракописите кои ќе влезат во потесен избор за наградата.
Доделувањето на наградата ќе се одржи на 27 декември.
Издавачката куќа ТЕМПЛУМ четиринаесет години го распишува коннкурсот „Новите!“ за најдобар дебитантски прозен ракопис.
Досегашни добитници на наградата „Новите!“ се: Алекс Букарски, Галијана Маркова, Дозгулпмус (Климент Булоски), Ненад Јолдески, Иван Шопов, Хигсов Бозон (Кирил Минанов), Дејан Мирчески, Драган Георгиевски, Михајло Свидерски, Сања Михајловиќ Костадиновска, Ѕвездан Георгиевски, Гето Руди (Дејан Василевски) и Андреј Ал-Асади.
Спонзор на наградата е Комерцијална банка А.Д. Скопје.
Илустрација: Francesco Ciccolella