Брајан Ино се вклучи во кампањата за ослободување на Асанж

11.12.2019 12:49
Брајан Ино се вклучи во кампањата за ослободување на Асанж

Познатиот Брајан Ино им се придружи на организаторите на кампањата за ослободување на Џулијан Асанж што се одржува во Лондон „Don’t Extradite Assange“ и на активистите на мировната кампања „Code Pink“.

Новата кампања ги повикува луѓето да го преплават британското министерство за внатрешни работи со електронски пораки и физички картички на кои пишува „Овој Божиќ му се суди на новинарството“. Кампањата ќе се одржува до 19 декември, кога е закажано второто сослушвање на Асанж пред судот.

Музичкиот визионер, Ино, на собирот зборуваше за систематското мачење на новинарите од страна на државите.

Ова не е важно само за Асанж, туку и за иднината на новинарството и иднината на одговорноста на владите за она што го прават“, изјави Ино. 

Извор: Youtube