Што човек си ти

11.12.2019 18:35

„Што човек си ти“, ги слушам ми велат.

Човек сум со заплеткан водовод на душата,
префинет инструмент од чувства и систем
од контролирана меморија на крајот од дваесеттиот век,
но со дрто тело од дамина
и со Бог дури постар од телово.
Човек сум за површината на земјата.
Ниски места, пештери и бунари
ме ужаснуваат. Планински врвови
и високи згради ме плашат.
Не сум како виљушка забуцана,
ниту сум нож што сече, ниту засркната лажица.

Не сум мазен ниту сум лукав
божем шпатула да доползувам оздола.
Најчесто сум тежок и мрцлав толчник.
Гмечам добро и лошо ѓутуре
за малку вкус
и за малку миризба.

Стрелите не ме погодуваат. Управувам
со мојата работа внимателно и тихо
небаре истрајна волја што почнува да се испишува
во мигот кога сум роден.

Сега стојам на работ од улицата
папсан, потпрен врз паркинг-метар.
Можам да си стојам тука за џабе, бесплатно.

Не сум автомобил. Човек сум,
човек-бог, богочовек
чии денови се избројани. Алилуја.

Превод: Виктор Шиков

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото