Евровизија е „премногу геј“ за Унгарија?

12.12.2019 09:55
Евровизија е „премногу геј“ за Унгарија?

Изборот на песна на Евровизија е шаренолик музички фестивал - и да, Евросонг е и геј. Насекаде шаренило од бои, привлечни луѓе со драматични настапи пред помпезни сценографии, љубов во воздухот. Евровизија ги привлекува и хомосексуалците и хетеросексуалците, тоа е шарена мешавина на добро расположени луѓе кои сакаат да се забавуваат, луѓе од различни земји и кои неколку денови поминуваат заедно уживајќи во музика и меѓусебно друштво.Пред две недели Унгарија го откажа настапот на Евровизија 2020 во Ротердам. Исто како и Црна Гора. Овие две земји се чести гости на Евровизија. А Унгарија на 19 настапи беше и прилично успешна, петпати успеа да се пласира меѓу првите десет.

Официјално објаснување - нема. Засега има неколку претпоставки, кои се повикуваат на една изјава која наводно ја дал еден соработник на државната телевизија МТВА. По оваа изјава може да се претпостави дека унгарското повлекување има врска со блискоста на Евровизија и ЛГБТсцената. Ова го пишува британскиот дневен весник „Гардијан“, исто како и унгарскиот портал index.hu. МТВА е организатор на изборот на унгарскиот претставник на Евровизија.

Една друга телевизиска станица блиска до владата на почетокот на годината ја означи Евровизија како „хомосексуална армада“, и тврдеше дека повлекувањето од неа е важно за „менталното здравје на Унгарија“.

Рестриктивна политика против хомосексуалноста

Портпаролот на унгарскиот премиер, Золтан Ковач, на Твитер објави дека ги отфла сомнежите за хомофобија, и таквите извештаи ги означи како „лажни вести“. Но, тој не објасни кои се вистинските причини за оваа одлука. Унгарија практикува рестриктивна политика против хомосексуалноста. Правата на хомосексуалците и лезбејките се прилично ограничени, во Унгарија е забрането склопување истополни бракови. Правото за усвојување на геј-двојките еден пратеник неодамна го спореди со педофилија. Во медиумите се цитира еден унгарски коментатор, кој вели дека Евровизија го уништива јавниот вкус - кога таму настапуваат трансвестити и брадести жени. Со тоа очигледно алудирал на настапот на брадестиот трансвестит Кончита Вурст, која победи на Евривизија 2014 - со тоа сакаше да испрати и силна порака за толеранција кон хомосексуалците.

Наредната Евровизија ќе се одржи во мај 2020 година. Домаќин е холандскиот град Ротердам. На Евровизија ќе учествуваат 41 земја.

Извор: Дојче веле

 

ОкоБоли главаВицФото