Човек во својот живот

12.12.2019 16:46

Човек нема време во својот живот
да има време за сè.
Нема доволно сезони за да има
сезона за секоја цел. Свештениците
грешеа во врска со тоа.

Човек треба да љуби и да мрази во ист миг,
да се смее и да плаче со истите очи,
со истите раце да фрла камење и да ги збира,
да љуби во војна и да војува во љубов.
И да мрази и да простува и да памети и да заборава,
да реди и да прередува, да јаде и да вари
сето тоа што на историјата
ѝ требаат години и години да го стори.

Човек нема време.
Кога губи бара, кога наоѓа
заборава, кога заборава губи, кога губи
почнува да заборава.

И душата му е дамнешна, душата му е
мошне стручна.
Само телото засекогаш му останува
аматер. Се труди и губи,
се запушта, не научува ништо,
пијано и слепо во своите шевови
и болки.

Ќе умре тој како смоквата што умира наесен,
папушлав и полн со себеси и сладок,
на земјата лисјето му расте суво,
гранките голи го покажуваат местото
каде што има време за сè.

Превод: Виктор Шиков

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото