Вечер на изведувачка поезија и музичко-сценски перформанс

12.12.2019 23:40
Вечер на изведувачка поезија и музичко-сценски перформанс

Културно-социјалниот простор Центар-Јадро организира вечер на изведувачка поезија кој ќе се одржи вечерва (петок, 13 декември). Настанот е финален продукт на едномесечниот резиденцијален престој на слем-поетот и социјалниот едукатор од Финска, Јухо Кууси.

Во рамките на резиденцијалниот престој кој се реализира во периодот од 20.11–13.12.2019 г., финскиот поет и гостин на КСП Центар-Јадро во Скопје одржа серија на работилници за слем-поезија и изведувачка поезија со македонски поетеси и поети. Меѓу нив учествуваа: Елена Пренџова, Сандра Авросиевска, Дамијан Каранфилов Гулев, Даница Ивановска Лепојевиќ, Цветанка Колева, Тања Кузманоска, Игор Поп-Трајков и Светлана Купенкова. Тие ќе настапат на вечерта на изведувачка поезија со нивните нови дела создадени во рамки на работилниците.

По настапот на македонските поетеси и поети, гостинот од Финска, Јухо Кууси, ќе има музичко-поетски перформанс, на кој ќе настапи со комбинација на неговата авторска поезија и музика.

Јухо Кууси е двократен победник на Финска во слем-поезија, со над 10-годишно изведувачко искуство во Финска и интернационално. Неговите песни се објавувани во книжевни списанија и антологии, а својата дебитанска книга поезија ќе ја издаде во 2020 година. Кууси предава уметност на изведување поезија на млади и возрасни во образовни институции од различни степени во Финска.

Слемерот Јухо Кууси е на едномесечен резиденцијален престој во Македонија како дел од пилот-шемата за културна мобилност „и-Портунус“ во рамки на програмата „Креативна Европа“.

Настанот е финансиски поддржан од Министерството за култура на Република С. Македонија.

 

ОкоБоли главаВицФото