Шарен чадор најубаво ме отвoра

13.12.2019 17:28
Шарен чадор најубаво ме отвoра

 

Шарен чадор најубаво ме отвoра.

 

На добра штикла секаква девојка ѝ стои.

 

Не е сѐ така како што изгледам. Погледни ме на што личиш!

 

Мислев дека видов виножито, но тоа беше само мојата желба за цицки од сапуница.

 

Skinny tu haljinu.

 

Нели ти е срам да ме гледаш со голо око!

 

Не го носам на душата, така ми легна.

 

Се штитам од дождот со корпата што ми ја даде.




Многу ти е ладно? Сакаш да ти се обесам ко шал?

 

Не ми го поларизирај мислењето, ми се крева косата на главата.

 

Од лично искуство ти кажувам: Не знам.

 

Пробав и жмурење, ама не се пронаоѓам у тоа.

 

Дадов сѐ од себе за да ми е полесно.

 

Се шутирав од дома до работа.

 

Допиши и така натаму, кога ќе можеш. Ништо итн-о.

Колажи: ULLA JOKISALO

ОкоБоли главаВицФото