1030 hPa
60 %

4 °C
Скопје - Вто, 11.02.2025 09:59
Ејди век лажовен!
Мало-големо, сè лага станало.
Лета магарето? - Лета.
Глув слуша, слеп гледа.
Викат како оџата од Лажани.
Викат, викат да го чујат и табаците, не да прогоори кротце.
Од него збор, од магаре прдеж.
Са ноќ седи и лаги мислит.
Резил се стори со тие пусти лаги негои.
Ретко се наоѓа таков лаш.
Едни вошки што има со опашки.
Си кладе од куче очи.
Од дрво нозе да си напраиш.
Од був сокол, од сокол був.
Да видиш и да не веруаш.
Да е чоек, не е чоек, а со чоека ти зборуа?
Шарен, шарен, цел ѓаол!
Шарит со очите, на четириесет страни.
Шареното стапче кој го има, тој повелат.
Избор: Никола Гелевски
Гиф: Димитар Грчев и Александар Јосифовски
Рубрикава е финансиски поддржана од проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност - КриТинк“ на Метаморфозис и Евротинк финансиран од Европска Унија.