1033 hPa
52 %

6 °C
Скопје - Чет, 06.02.2025 20:59
На 17 и 18 декември во Музејот на современа уметност ќе биде прикажана специјалната програма Југословенски експеримент(и), посветена на југословенската филмска авангарда од 60-тите до 80-тите години.
За првпат како ретроспективна програма во Скопје, „Југословенски експеримент(и)“ ќе прикаже своевиден омаж на експериментаторите на Југославија, со фокус на авторите и авторките активни во Кино клубот Сплит- еден од центрите на југословенскиот експериментален филм.
Преку дел од творештвото означено како аматерски експериментален филм, во два програмски блокови ќе бидат претставени 11 филмови, од најзначајните авангардни автори и авторки од Хрватска, како Иван Мартинац, Вјекослав Накиќ, Дуња Иванишевиќ, Анте Верзоти, итн.
Во придружната програма, покрај разговорот со - Сунчица Фраделиќ, директорката на Кино Клуб Сплит и кураторката на филмската селекција, ќе биде организиран и разговор под наслов „Југословенска авангарда: партизани, уметници од општа пракса, револуционери и контра-револуционери“ со Тања Врвило, една од водечките филмски критичарки и теоретичарки од Загреб, Хрватска.
Југословенски експеримент(и) се реализира во соработка со Кино Клуб Сплит, Хрватска. Учеснички на дискурзивниот дел на програмата се Сунчица Фраделиќ и Тања Врвило.
Кураторка на програмата за МСУ-Скопје е Кумјана Новакова.
Програма
17 декември 2019 / 18. часот
Отворање на Југословенски експеримент(и)
Монолог за Сплит
Иван Мартинац, Југославија, 1962, 7’
По потопот
Вјекослав Накиќ, Југославија, 1967, 8’ 8’’
Твист-твист
Анте Верзоти, Југославија, 1962, 3’
Кафе Манон
Ранко Курсар, Југославија, 1967, 9’12’’
Жемска
Дуња Иванишевиќ, Југославија, 1968, 6’12’’
Разговор со Сунчица Фраделиќ, Кино Клуб Сплит
18 декември 2019 / 18 часот
Ретроспектива на Анте Верзоти.
Објектив
Југославија, 1966, 7’10’’
Пет
Југославија, 1965, 8’ 30’’
Денес...?
Југославија, 1965, 7’
Твист-твист
Југославија, 1962, 3’
Џубокс
Југославија, 1966, 6’40’’
Флуоресценции
Југославија, 1967, 4’30’’
Разговор со Тања Врвило и Сунчица Фраделиќ
Југословенска авангарда: партизани, уметници од општа пракса, револуционери и контра-револуционери