Медиум на друм (11): Јазико коски нема, ама коски кршит

16.12.2019 16:32
Медиум на друм (11): Цепенков (2)

ЈАЗИКО КОСКИ НЕМА, АМА КОСКИ КРШИТ

Спроти чоеко, и песната.

Петел му пеит во срцето.

Кај што излегуа збор - и душа.

На чоеко месото не му се јадит, ами зборот.

За грдотија коа да зборуа, пењи од устата вади и лиги му течат.

Којшто не знаит да молчит, не знаит и да зборуа.

Многу зборои - торба ореи.

Зборот дупка не дупнуа, ама се паметуа.

Зборуат, ама и тој сам не знаит што зборуат.

За зборо нејзин секој се чудит кога да ѝ го чует.


Голем залак голтни, голем реч не речи.

Зборот дури не го предумаш и преживаш арно, не зборуј го пред секого.

Јазико коски нема, ама коски кршит.

 

Избор: Никола Гелевски

Гиф: Димитар Грчев и Александар Јосифовски

Рубрикава е финансиски поддржана од проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност - КриТинк“ на Метаморфозис и Евротинк финансиран од Европска Унија.

Слични содржини

Општество / Активизам / Gif / Книжевност
Општество / Активизам / Gif / Книжевност
Општество / Активизам / Gif / Книжевност
Општество / Активизам / Gif / Книжевност
Општество / Активизам / Gif
Општество / Активизам / Gif
Општество / Активизам / Gif

ОкоБоли главаВицФото