Со предавањето на Бранислав Димитријевиќ завршува КРИК 04

17.12.2019 10:19
Со предавањето на Бранислав Димитријевиќ завршува КРИК 04

На 18. декември (среда), со почеток во 19 часот, во Даут Пашин амам, завршува годинешната програма на КРИК 04 – Човек без својства политики на маргините , со предавањето на еден од најзначајните теоретичари на културата и возуелните уметности, Бранислав Димитирјевиќ, и неговото предвање насловено: Не-современата уметност: понатамошни шпекулации за „не-сега“ . После предавањето ќе следи разговор со Натали Рајчиновска Павлеска и модерирана дискусија со публиката.

Во вториот дел на четврто издание на Фестивалот гостува познатите филозофи итеоретичари Борис Буден и Стефан Новотни, Ариане Шпаниер, како и домашни учесници. А на 15 декември се одржа отворена јавна средба/разговор за состојбата, значењето и иднината на критиката во и за современите уметнички практики.

Во првиот дел на фестивалот КРИК, фестивал за критичка култура организиран од Контрапункт, кој се одржа во текот на јуни, учесници беа: Нејтан Браун, професор од Канада, Петар Милат, филозоф од Хрватска, Арон Шустер,американски писател и филозоф, Лина Гонан, филозоф и активистка од Хрватска,Станимир Панајотов, теоретичар од Бугарија.

Во рамките на годинешното издание на КРИК, во септември се одржа и работилница за анализа на дискурс наменета за млади истражувачи со предавачите Мира Беќар, професор по применета лингвистика од Скопје и Викторија Костадинова, која предава на Универзитетот во Амстердам.

Димитријевиќ отсекогаш предизвикувал полемични контексти во општеството, кои ја контекстуализираат уметноста како длабоко политична, одговорна и не-невина во однос на политичките динамики.

Неговите ставови секогаш предизвикувале бурни реакции, па дури и екцесност и во рамки на уметничката и културната сцена, а и општествено пошироко.

Еден од неговите последни провокативни јавни настапи е изнесувањето на ставовите за изложбата на Марина Абрамовиќ, која беше отворена во Белград, со огормна финансиска поддршка на Валдата на Република Србија.

Од резимето на Димитријевиќ за предавањето

Не-современата уметност: понатамошни шпекулации за „не-сега“

18.12.1019, Даут Пашин амам, Национална галерија

19:00-20.30

Практиките на современата уметност поминуваат низ ентрописки крај – сѐ повеќе тие се исклучувани поради бескрајното одбегнување на значењата, поради ”неодреденоста”, анти-концептуалноста, фетишизирањето на искуството и оцрнувањето на мислењето, но, пред сѐ заради нивното циничнo идеолошко соучесништво во неолибералниот поредок. Како и секое друго историско уметничко движење, „современата уметност“ се наоѓа во нејзината крајна фаза: маниристичка, пазарно ориентирана, елитистичка и отуѓена. А, сепак, прогласениот „излез“ од нејзината моментална состојба не се состои во препознавање на нова уметничка практика – во ситуација во која уметничката практика одеднаш ќе се промени во поткопување на системот, како што се случи во касните 60-ти, кога модернистичката уметничка парадигма беше отстранета – туку во шпекулации за различното, не-современа онтологија на уметноста вон истовременото искуство на „сега“, ниту, пак, исто така, преку легитимноста сервирана или од страна на духовите од минатото или од роботите од иднината.

: : : : : :

Бранислав Димитријевиќ е професор по историја на уметност и визуелна култура на Школата за уметност и дизајн во Белград. Димитријевиќ студирал Историја на уметност на Универзиетот во Белград и магистрирал историја и теорија на уметност на универзитетот во Кент, Велика Британија, под менторство на професор Стеивен Бан. Негови главни теоретски и кураторски интереси се: визуелна теорија и култута, уметноста во јавниот простор и релациите во општата култура, политика и идеологија. За неговите есеи е добитник на наградата Лазар Трифуновиќ за уметничка критика и Душан Стојановиќ за филмска теорија. Димитриевиќ уредувал повеќе изданија, публикации и каталози за изложби. Ги има објавено следните книги: On Normality: Art in Serbia 1989-2001 (MOCA Belgrade, 2005), Against Art - Goran Djordjević, 1979-1985 (MOCA, Belgrade, 2014) and more recently, Potrošeni socijalizam: Kultura, konzumerizam i društvena imaginacija u Jugoslaviji 1950-1974 (Fabrika knjiga, Belgrade, 2016) и Slatki film Dušana Makavejeva (MOCA, Belgrade, 2017). За селектирани текстови погледнете го следниот линк: https://independent.academia.edu/BranislavDimitrijevic

: : : : : : : :

Натали Рајчиновска Павлеска

Натали Рајчиновска Павлеска е независен истражувач во областа на современите уметнички практики, ликовната критика и теорија. Дипломирала на Архитектонски факултет, во Скопје (2006), со одбрана на дипломски труд: анализа на контекст и проект “Центар за сценски и визуелни уметности”, плато на МНТ, во Скопје. Магистрирала на Филозофски факултет во Скопје, при Институтот за Историја на уметност и археологија, модул Современа уметност, со одбрана на дисертација: “Концептуалната уметност во делото на Марсел Дишан, Јозеф Бојс и Art & Language од почетокот до крајот на 20-тиот век.” Од 2018 -та е докторанд на Трансдисциплинарни студии на современа уметност и медиуми во оквир на Интердисциплинарни студии, при Факултетот за медиуми и комуникации, Универзитет Сингидунум во Белград, Србија. Нејзиното истражување вклучува трансдисциплинарен аналитички пристап, често во релација со актуелните теориски струења и книжевни референтни системи, преку вкрстување на современите уметнички практики и различните општествени и институционални контексти. Автор е на повеќе ликовни рецензии, воведни предговори во уметнички книги и каталози на групни и самостојни изложби, како и дел од кураторскиот тим кој го подготви и реализираше концептот за претставувањето на Република Македонија на 15-тото Венецијанско Биенале за Архитектура во 2016 година, со проектот “Ничија Земја”.


 

ОкоБоли главаВицФото