Есенски дожд во Тел Авив

17.12.2019 16:57

Горда, мошне убава жена ми продаде
парче торта
преку тезгата. Очите ù продорни, грбот спроти морето.

Црни облаци долж хоризонтот
вестат грмежи секавици
ама телото им одговори однатре
од проѕирниот фустан
сè уште летен фустан
небаре разбуден улав пес.

Ноќта, меѓу другари во заклучена соба
го слушав дрочниот пороен дожд врз прозорецот
и гласот на мртвиот снимен на лента:
навивката вртеше
спротивно од времето.

Превод: Виктор Шиков

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото