1031 hPa
48 %
16 °C
Скопје - Чет, 07.11.2024 15:59
Вечерва (среда, 18 декември) во Младинскиот културен центар, со почеток во 19:30 часот ќе се одржи изложба и промоција на публикација како завршен настан на Школата за ангажиран стрип.
Во фокусот на Школата за ангажиран стрип беше изучувањето на уметничките практики со кои се промовира стрипот како медиум што придонесува кон социјално ангажираните практики и цели кон зајакнување на правата на маргилизираните заедници, вклучувањето на исклучените и осветлување на бројните животни приказни на поединците и заедниците. Овие приказни не можеме често да ги видиме во делата на стрип авторите, ликовните уметници или пак во традиционалните медиуми. Школата за стрип имаше цел да понуди иновативен пристап кон поимањето и потенцијалот на стрипот како медиум низ кој може да се артикулираат релевантни прашања и проблеми во нашето општеството.
Учесници на Школата за ангажиран стрип беа : Горица Димовска, Гаја Смилевска, Александар Танчовски, Анастасија Зафировска, Теодор Јуруковски, Јасна Николов, Кристијан Поповски и Делфина Велков.
На изложбата ќе биде претставена селекција од цртежите работени за време на одржувањето на Школата. Како и постерите и финалните стрипови што ги изработија учесниците.
Предавачи на Школата за стрип се истакнати автори од различни области како: Томислав Османли, Славчо Димитров, Жарко Букинац, Далибор Плечиќ и други. Работилниците ги водea ликовните уметници Ѓорѓе Јовановиќ и Владимир Лукаш.
Во периодот април- ноември 2019 година, по раководство на Ѓорѓе Јовановиќ, во рамките на школата се реализираа предавања, работилници, проекции на играни и документарни филмови чиј фокус е стрипот, изработка и поставување на стрип постери во јавен простор како и реализација на кратки стрипови.
Проектот Школата за ангажиран стрип (Социјално ангажиран стрип- уметнички практики за општествени промени) е финансиски поддржан од Министерството за култура
Организаторите на школата им се заблагодаруваат на Горјан Ѓорѓиев и на тимот на Младинскиот културен центар- Скопје за поддршката при релизацијата на изложбата.