Очен преглед

18.12.2019 17:17

Оддалечи се малку. Затвори го левото око.
Пак исто?
Оддалечи се уште малку. Ѕидот мрдна.
Што гледаш?
Што препознаваш во матното?
Ми текнува на една тажна песна што вели вака...
Сега? Што гледаш сега?
Пак исто? – Постојано.
Не напуштај ме. Те молам. Те молам.
Не заминуваш.
Не заминувам.
Затвори едно око. Зборувај гласно.
Не те слушам. – Веќе сум многу далеку.
Што препознаваш? Што гледаш?

Затвори го едното тажно око.
Еве.
Затвори го другото тажно око. Еве.
Сега гледам.

И друго ништо.

Превод: Виктор Шиков

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото