Вака (не) бива! - конференција за креативен активизам

20.12.2019 14:38
Вака (не) бива! - конференција за креативен активизам

Фондацијата Отворено општество – Македонија, Центарот за современи уметности Скопје и ИДЕА ЈИУ ја организираат конференцијата насловена „ВАКА (НЕ) БИВА!“ - За креативниот активизам и амбициите да се влијае врз општествените промени. Конференцијата ќе се одржи во сабота, (21 декември) со почеток во 10 часот, во Јавна соба во Скопје.

Овој настан е обид да се иницира систематско отсликување на артивистичкиот простор во земјата со цел да се лоцираат актерите и форматите на дејствување како и да се развие дискусија за идните чекори на креативниот активизам кој е насочен да влијае врз општествените промени. На конференцијата ќе присуствуваат активисти и теоретичари од регионот кои ќе го споделат своето знаење и искуство.

Намалувањето на квалитетот и назадувањето на демократските процеси и практики е неповолен повеќегодишен тренд како во развиените, така и во демократиите кои се во процес на созревање и опоравување. Сè поприсутно е растечкото незадолство, но и заситеноста на граѓаните од неефективните форми на учество, што резултира/создава пасивно и апатично граѓанство. Опаѓаат, исто така, високите очекувања за достигнувањата на застапувачките напори на граѓанските организации за суштинска промена на политиките. Незадоволстото од неповолните трендови и состојби, покрај со неучество се изразува и преку протести. Огромна е низата на форми на притисок врз властите и институциите.

Се зголемува бројот на организации, активистички јадра и платформи за активистичко дејствување, кои користат разни медиуми и алатки, преку акциите со куси и јасни пораки, имаат цел да предизвикаат интерес за ангажман и кај пошироката јавност, специфичните публики и властите. Јавниот простор, вклучително и социјалните мрежи, се сè поатрактивни и за властите и за активистите. Сè повеќе креативниот активизам, самостојно или во комбинација со постоечки форми на граѓански притисок и застапување, станува форма на ангажман преку кој се поттикнуваат и создаваат услови за промени како на конкретните и актуелни политики, така и на културните и политички орентирани практики.

Програма:

09:30 – 10:00 Регистрација на учесниците

10:00 – 11:10 „Креативниот активизам за/и општествени промени – само тренд или
препознаена потреба со иднина?“
• Славица Инџевска, Програмска директорка, Фондација Отворено општество - Македонија
• Игор Штикс, писател
Модератор: Владимир Јанчевски

11:30 – 13:00 Панел дискусија „Креативниот активизам во Македонија: што научивме од тоа
што направивме?“
• Никола Писарев, Установа Центар за современи уметности – Скопје
• Мите Кузевски, Фондација за дебата и едукација ИДЕА Југоисточна Европа
• Ивона Кузмановска, Младински образовен форум
Модераторка: Калиа Димитрова

13:30 – 15:00 Паралелни панел дискусии „Арт/активизам на дело - одземање/заземање на
јавниот простор: Чуму сето тоа?“ (прв дел)
Стрит арт и урбани акции
• Драган Китановски – Драш, стрит уметник
• Аријанит Џафери, Еко герила, Тетово
• Иван Чулаковски, Граѓанска иницијатива „Поинаку“ Битола
• Теодора Георгиева, Штип арт активизам
• Ненад Стојановиќ, Проактив, Ниш, Србија
Модераторка: Слободанка Стевчевска

Социјални мрежи - мегдан или мобилизаторска алатка
• Ирена Ристиќ, активистка, #Не биди ѓубре
• Елена Георгиевска, Скопје смог аларм – зелен фронт
• Ена Бендевска, Медуза.мк
Модератор: Горан Костовски

15:30 – 17:00 Паралелни панел дискусии „Арт/активизам на дело - одземање/заземање на
јавниот простор: Чуму сето тоа?“ (втор дел)
До публиките со уметност за промени
• Кочо Андоновски, Центар за поддршка на ЛГБТИ
• Симона Спировска, Артопија
• Бесфорт Идризи, Детски театарски центар
• Висар Арифај, Силна партија, Косово
• Гоце САФ, музичар
• Сибел Абдиу, режисерка.
Модераторка: Александра Бубевска 

Со слика до акција
• Иван Блажев, фотограф
• Ѓорѓе Јовановиќ, уметник
• Игор Грубиќ, уметник, Хрватска
• Софија Григориаду, уметница, Грција
Модератор: Бошко Караџов

17:00 – 17:45 „Граѓаните и заедниците со креативен ангажман сојузници во промените кои
носат подобро утре за сите”

Завршен осврт, дискусија и препораки: Искра Гешоска, Контрапункт, Скопје

17:30 – 20:00 Работилници „Магија за промена“
Претстава „Не плаќам“, режија: Бесфорт Идризи

Слични содржини

Јавни простори / Балкан / Култура / Настан

ОкоБоли главаВицФото